Света Петка е селска црква во тетовското село Беловиште. Се наоѓа во живописен предел во месноста Петочко Водиче, во непосредна близина на Беловишките водопади.

Св.Петка
Петочко водиче

До црквата води асфалтиран пат, а во непосредна близина постојат неколку ресторани, како и јавни базени.

Црквата ја изградил иселеникот од САД, Сашо Јаковчевски во 1997 година. Низ црквата поминува вода за која се смета дека е лековита.

мост Света Петка
живописен предел околу манастирот

Под високите и над стогодишни дрвја од бука, даб, костен – подигнати се две црквички.

Помалата ја изградил иселеникот Сашо Јаковчевски и ја посветил на Св. Петка. Беловиштани велат дека во 1997 година дошол од Детроит (САД) и рекол дека ќе подигне православен храм.

петочко водиче, лековита вода
петочко водиче, лековита вода

„Сонив дека треба да изградам црква и во неа ќе има извор со лековита вода која ќе ги лекува болните, а слепите ќе прогледуваат”.

Заедно со неговиот татко Живко, беловиштани од Детроит на 15 мај 1997 година ја изградиле црквата, ја насочиле водата, а на спомен-плочата не заборавиле да напишат: „Оваа чешма е лековита за очи“.

петочко водиче, лековита вода

Овде од корените на дрвјата излегуваат многу извори, но еден е не толку голем и насочен кон црквата „Св. Петка“.

петочко водиче

Токму за овој велат дека бил лековит, особено за очи.

Со децении доаѓале луѓе од многу места што имале проблеми со видот, а жителите на Беловиште велат дека „многумина се излекувале“.

Во Беловиште тврдат дека водата е света, дека тие што ја пијат се поздрави, па затоа по патеката од селото до чешмичето во црквата, независно од периодот во годината, па и денот, ќе сретнете минувачи со шишиња кои полнат вода.

„Овде најмногу се доаѓа на Велипеток, пред Ѓурѓовден, пред изгрејсонце. Тогаш водата е најлековита и вистински – света“ – велат мештаните. / Ирена П.

На слепа девојка и се сонило каде да копа за да открие лековита вода – денес на тоа место има манастир

Некаде на 12 километри одалеченост од Кочани, се наоѓа еден убав манастир Свети Пантелејмон. Во близина на овој манастир се наоѓа едно симпатично село Пантелеј, на падините од Осоговските планини, а целото тоа место освен што ќе ве плени со несекојдневна убавина, претставува и воздушна бања со чист планински воздух и повеќе природни извори на вода.

Токму во близината на ова селце од бајките, се наоѓа манастирот посветен на светецот мантелејмон, а чиј ден се празнува на 9 август. Водата која извира во манастирот е света и лековита, барем така тврдат мештаните.

Постои една легенда поврзана со ова место, а која вели, дека на некоја слепа девојка која се викала Нејтана, еден ден и се сонило местото каде требало да копа за да најде лековита вода. Девојката по овој сон многу се вознемирила, но сепак заминала во потрага и го пронашла токму местото од својот сон.

Таа долго копала, копала… додека рацете и прокр-вавиле, па до толку се изнемоштила што на крајот пад-нала тешко болна. На с мрт-ната постела им ја открила својата тајна на селаните и им оставила аманет да го продолжат нејзиното копање и да го пронајдат изворот со лековитата вода. По нејзината с мрт селаните продолжиле со копање и навистина ја пронашле водата која денес се наоѓа во манастирот, веднаш до олтарот.

Под манастирот има уште еден извор, за кој пак се верува дека е единствен од таков вид во Македонија. Наречен е ЦРНА ВОДА, а истекува од длабнатината на еден црн бор. За овој извор се верува дека лекува болести поврзани со коските, мускулите и зглобовите. Од оваа вода се пие со мало лажиче.

На ова свето место, на денот на празникот на 9 август доаѓаат илјадници верници за да се помолат и да се напијат од светата вода, со верба и надеж за здравје.