Брзо се приготвува, превкусен е а исто така и декоративен. Пробајте го овој петминутен колач со јагоди.
Потребни состојки:
450 г јагоди
170 г шеќер
170 г брашно
3 јајца
Постапка:
1.Јајцата не мора да ги делите на белки и жолчки, туку пенасто изматете ги со 170 г шеќер. Миксајте околу 2-5 минути додека да добиете убав мазен крем.
2.Во кремастата смеса од јајца полека со лажица додајте просеано брашно (170 г) и убаво промешајте за да се изедначи.
3.На крај додајте 450 г свежи јагоди исечкани на ситни парчиња. Колку поситно ги исечете, толку колачот ќе ви биде поубав, а јас можеби оставив и преголеми парчиња.
4.Смесата излејте ја во намастен калап за торти (со путер) и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени.
Првите 5 минути печете на 200 степени, а потоа намалете ја температурата на 175 степени и печете уште половина час или додека колачот малку да зарумени (проверете со чепкалка).
Печениот колач извадете го малку да се излади, а потоа можете да го сечете, да го посипете со шеќер во прав или да го декорирате со шлаг, но и така ако го оставите е преубав. Рецепт на Дарко.