Рецептот за „песок торта“ не е нов и одамна им е познат речиси на сите љубители на кремастите колачи. Постојат многу варијации на овој познат колач, но заедничкото за сите нив е едноставноста на подготовката и одличниот вкус.

Речиси и да нема таков кој не може да го приготви овој колач. Брз, едноставен, без комплицирани постапки, а толку нежен и кремаст, што букавално се топи во уста. Секогаш прв се изедува, а многумина бараат уште по едно парче.

Може да се приготви во форма на торта, во тркалезен калап со обрач, но може да го спремите и во правоаголен плех или калап каков што имате. Важно е да го обложите калапот со хартија за печење или проѕирна фолија за полесно сечење на колачот. Може да декорирате со шлаг, но не мора…

Потребни состојки: 6 пудинзи од ванила, 2 литри млеко, 200 г шеќер и 250 г путер/маргарин на собна температура.

ДОПОЛНИТЕЛНИ СОСТОЈКИ: 300 г растопено чоколадо (темно или млечно), 300 г мелени бисквити или (печени и мелени лешници), 300 г кокос. За декорација: 2 кесички шлаг или 200-300 мл изматена слатка павлака како шлаг.

Постапка: сварете го пудингот според наведеното упатство од амбалажата. Истурете го зготвениот пудинг во подготвен сад и покријте го со проѕирна фолија, па оставете го да се излади целосно (најдобро е пудингот да се свари од претходната вечер).

Путерот пенасто изматете го, па додека непрекинато матите, додавајте лажица по лажица од изладениот пудинг. Откако ќе го соединете пудингот во путерот, добиената смеса поделете ја на три еднакви делови.

Во првиот дел додајте 300 г растопено чоколадо (добро промешајте). Во вториот дел додајте мелени бисквити и во третиот дел додајте кокосово брашно.

Калапот обложете го со хартија за печење (полесно се сече колачот без да се оштети дното), па прво излајте ја смесата со кокосово брашно, рамномерно распоредете к израмнете.

Оваа смеса најдобро е да се стави како основа, бидејќи е најцврста и налесно се сече и одвојува од дното, за разлика од чоколадната или онаа со кексите). Преостанатите две смеси ставете ги по редослед по ваш избор. Убаво и рамномерно распоредете ги и израмнете.

Оставете ја тортата во фрижидер да се излади најмалку 3-4 часа или во замрзнувач 2 часа. Оладената торта премачкајте ја со шлаг или слатка павлака. Декорирајте по желба.

Послужување: важно е сите состојки за оваа торта да бидат на собна температура. Ако случајно пудингот се ладел во фрижидер, кога ќе го додавате во путерот ќе се создадат бели грутчиња при миксањето… Затоа е најдобро пудинг да се свари од претходната вечер и да се остави да се олади на собна температура преку ноќ… / Mediha / Сооlinarika.com