Пченкарник: лепче со пченкарно брашно и прашок за печиво, одлежано 5 часа

Фото и рецепт: Зринка Јанковиќ

Секакви рецепти сум испробала, но овој ми е најубав. Има голем број варијации на тема.

Потребни состојки:

600 г пченкарно брашно

6 лажици бело брашно

6 лажици масло

1 лажица сол

2 лажици шеќер

½ прашок за печиво

500 мл зовриена вода отприлика

Постапка:

Сите состојки се мешаат во еден сад и се полева со врела вода. Се меша со дрвена лажица додека да се формира топка (ова може и на рингла да го правите, да се свари брашното).

Потоа со раце се замесува и тоа добро. Тестото се префрла во намастена тепсија и се формира топка како на фотографијата.

Се премачкува со четка или со рака со јогурт или павлака, а преку тоа со лажица масло.

Се остава поклопено неколку часови (јас го киснев 5 часа) а потоа се пече додека да зарумени, некаде околу 1 час и 10 минути на 200 степени (јас живеам во УСА па вие прилагодете ја температурата според вашите шпорети).

Кога е печен пченкарникот испрскајте го со ладна вода и покријте го со чиста крпа.

Фото и рецепт: Зринка Јанковиќ

Претходна статијаЕКСПРЕС ПИТА: за експрес брз ручек
Следна статијаЕПИДЕМИЈА МЕЃУ ЖЕНИТЕ: Не јадете а се дебелеете? МОРА да го проверите овој орган!