Многу симпатично име за многу вкусен ролат.

Потребни состојки:

7 жолчки
7 белки
10 лажици шеќер
1 лажица какао
3 лажици брашно
½ лажичка сода бикарбона

За крем:

4 јајца
100 г шеќер
4 лажици брашно
300 мл млеко
2 ребра чоколадо
250 г маргарин/путер

Постапка:

Измешајте ги брашното, шеќерот, какаото, седумте жолчки и сода бикарбоната.

Додадете снег од седум белки и сето заедно полека и внимателно промешајте за да остане смесата воздушеста.

Кога смесата ќе ја изедначите, излејте ја во намастен и побрашнет плех од рерна (или обложен со хартија) и печете околу 25 минути во загреана рерна на 180 степени. Печената кора уште додека е топла свиткајте ја во влажна кујнска крпа.

За крем: Во млекото сварете ги претходно измешаните брашно, шеќер и јајца. Мешајте постојано додека да се згусне, а потоа тргнете на страна да се излади целосно.

Во изладениот крем додадете пенасто изматен путер, па заедно измиксајте ги до изедначување. Кремот поделете го на два дела, а во едниот додадете растопено чоколадо.

Одвиткајте ја кората и премачкајте ја прво со светлиот крем. А потоа премачкајте го и темниот крем.

Повторно свиткајте го ролатот и оставете го малку во фрижидер да излади. Можете да го сечете и така да го послужете, а може да го прелиете со чоколадна глазура и да го украсите со листови од бадем.