Памучно меки печива кои се јадат со сласт…Нема друг ваков мек и вкусен рецепт како овој! Денеска ги подготвив овие меки погачици од тесто со квасец. Ако и вие сте љубопитни како мене, направете ги според овој рецепт и угодете му на вашето непце…Ќе бидете воодушевени! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кесичка инстант сув квасец, 1 чајна чаша млака вода, 1 чајна чаша масло, 1 чајна чаша цврст јогурт или кисела павлака, 2 јајца (1 жолчка за премачкување), 1 лажичка сол, 4 чаши за вода брашно, 150 г путер за премачкување на тестото, рендан кашкавал за фил. Чајната чаша е 125 мл, а чашата за вода од 200 мл.

ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте ги добро сите течни состојки. Од двете јајца одвојте една жолчка и тргнете ја настрана за премачкување на печивата. Во течната мешавина започнете постепено да го додавате брашното.

На почетокот мешајте со лажица, а кога ќе се формира компактно тесто, месењето продолжете го рачно. Тестото треба да биде меко и да не се лепи на рака. Оставете го садот и покријте го стреч фолија да стасува на топло место додека да го удвои волуменот.

Премесете го на малку набрашнета работна површина и поделете го на 4 дела. Од секој дел обликувајте топче, а потоа развлечете ги колку можете потенко. Тестото е меко, па за да не ви лепи по потреба наросувајте по малку брашно.

Развлечената кора тргнете ја настрана, а потоа развлечете уште една кора. Преку цела површина премачкјате ја со растопен путер, па преклопете ја со првата кора. И оваа премачкјате ја одозгора, а потоа нежно свиткајте во ролат.

Ролатот исечете го на парчиња со должина од три прсти. Секое парче од едната пресечена страна со штипкање затворете го тестото, па поставете го на дланката со другата страна нагоре и сплескајте го.

Сплесканото тесто потоа развлечете го во овална коричка, на средината ставете фил (кашкавал или сирење…) и преклопете. Со прстите притиснете ги краевите за да се залепи тестото, а при печењето да не се излева филот.

Подготвените печива редете ги во плех обложен со хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете ги на топло место да стасуваат половина час или колку што е потребно за убаво да го зголемат волуменот.

Премачкајте ги со жолчка и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени додека убаво да заруменат. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „Не знаев за овој лесен метод! Кој пробал побарал уште…Ова е најлесниот рецепт за слоевити печива од 100 листа!“ – ОВДЕ.

Не знаев за овој лесен метод! Кој пробал побарал уште…Ова е најлесниот рецепт за слоевити печива од 100 листа!