Вкусните мали крофнички кои ги нарекуваат и „пампушки“ може да се прават во слатка или солена варијанта, растат големи од квасецот кој го има во иста количина како во рецептот за крофнички. Не одземаат многу време, а сите ќе ве прашуваат од каде ви е рецептот.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брашно, 250-300 мл млако млеко, 1 лажица гранулиран шеќер, 1 ванилин шеќер, прстофат сол, 1 жолчка од јајце, 15 г путер или маргарин, малку рендана кора од лимон за цитрусен вкус, масло за пржење, 25 г свеж квасец.




ПОСТАПКА: Во млекото ставете прстофат шеќер, сол и квасец, промешајте и почекајте да ферментира. За тоа време во друг сад подгответе го брашното, па направете вдлабнатина во која треба да ја додадете жолчката од јајце, ванилиниот шеќер, малку рендана кора од лимон, остатокот од шеќерот.




Соединете ги состојките, па во оваа смеса додајте ја смесата од квасец, а на крајот се соединуваат со путерот или маргаринот со тестото.Тестото се покрива со крпа или фолија за растегнување и се остава да се удвои.




По извесно време, развлечете го тестото со оклагија со дебелина од 1 см и со калап или чашка вадете кругови и оставете ги настрана да нараснат некои 15 минути.

Во едно тенџере ставете длабоко масло на рингла и кога ќе се загрее, спуштајте ги крофничките да се испржат од двете страни по неколку минути додека да заруменат. На средина филувајте ги со измиксана белка од претходно издвоеното јајце измешана со малку шеќер. / Coolinarka.com




II РЕЦЕПТ. Совршени мини крофнички – исти како оние што ги јадеме на плажа покрај море. Направете си ги овие мини крофнички кои барем според мирисот и вкусот ќе не вратат преку сеќавањата на едни убави моменти.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брашно, 200 мл млако млеко, 200 мл млака вода, 50 мл масло, 1 рамна лажичка сол, 1 супена лажица шеќер, 1 кесичка сув квасец (10 г).

ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете млако млеко, квасец, лажица шеќер, па убаво промешајте и оставете 10-тина минути за да се активира квасецот. Потоа додајте масло, млака вода, промешајте и додадете половина од вкупната количина брашно (250 г), сол и полека започнете со месење на тестото.




Постепено додавајте го остатокот од брашното, па тестото покријте го со крпа и оставете го половина час да стасува. Потоа развлечете го во валјак и пресечете го на половина, на два еднакви делови. Од секој дел сечете мали парчиња за мали крофнички и формирајте топчиња.




Топчињата боцкајте ги на стапче за ражен, по 5-6 е сосем доволно. Вака наредите крофнички спуштајте ги во умерено загреано масло и пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат.

Повторете ја постапката и со остатокот од тестото. Одозгора прелијте ги со чоколадо, крем или шеќер во прав. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.