Секој си има некој свој испробан рецепт за најубави палачинки, а ги има и многумина кои тестото го замесуваат одокативно, според состојките што ги имаат во кујна. Сепак, повеќето си практикуваат да го следат напишаниот рецепт…

Еден од најпофалените рецепти за палачинки од кој читателите на НМД.мк беа многу воодушевени, е оној кај кој состојките одат сè по 4 (овој рецепт ќе можете повторно да го прочитате најдолу во текстот).

А, овојпат за вас имаме подготвено нов рецепт, нешто поинаков од досегашните, па доколку го испробате, споделете ги вашите впечатоци. Се приготвува многу едноставно, но, малку се разликува во состојките и начинот на подготовка, пишува НМД.мк

Потребни состојки: едно јајце, 150 г брашно, третина лажичка сода бикарбона, половина шолја врела вода, 1 шолја кисело млеко, третина лажичка сол, 1 супена лажица масло.

Постапка: Јајцето добро изматете го со миксер или жица маталка, па со непрекинато матење додајте го киселото млеко, маслото, солта, шеќерот и брашното. Треба да добиете мазна смеса.

Исто така, со непрекинато матење додајте ја сода бикарбоната претходно растворена во врела вода. Смесата сега треба да добие средна густина, со конзистенција на средно густ јогурт, карактеристична за тестото за палачинки.

Вака приготвената смеса оставете ја да отсои 5-10 минути, а потоа започнете да ги приготвувате палачинките на вообичаен начин. Истурајте со кутлача во претходно загреана нелеплива тава, малку намастена со масло или путер.

Распоредете го рамномерно тестото во тавата со нејзино подигнување под различни агли, па кога кога од горната страна ќе изби-јат меурчиња, проверете го дното и ако е печена, свртете ја палачинката кратко да се потпече и од другата страна.

Печените палачинки редете ги една врз друга. /  bonaреti.rѕ / Следи вашиот омилен и стопати проверен рецепт – Оди сè по 4: Најубавите палачинки што постојат во светот

Најдоброто тесто и рецепт за палачинки кои досега сум ги пробала: оди сè по 4 од состојките што е многу интересно. Овие палачинки се многу фини и меки и не се нималку масни ниту гумени кога ќе се гризнат, а можете да ги филувате по желба, сите вкусови добро им стојат…

Потребни состојки: 4 јајца, 400 г брашно, 400 мл млеко, 400 мл газирана вода, 4 лажици масло, малку сол и 1 ванилин шеќер. Постапка: Јајцата изматете ги со жица, па додајте половина брашно и млеко, па сето добро соединете го.

Потоа додајте ја втората половина од брашното и млекото, малку сол, ванилин шеќер и масло, па соединете да нема грутчиња. На крај додајте ја газираната вода и добро промешајте да се изедначи и стане мазна. Смесата оставете ја еден час да одмори во фрижидер.

За тоа време убаво ќе се спојат состојките и подобро ќе се пече тестото, а палачинките од прва до последна ќе бидат исти по дебелина. Тавчето за палачинки намастете го со малку масло и добро загрејте го, а потоа излејте една кутлача од смесата во него.

Брзо и рамомерно разлејте на сите страни и печете неколку секунди од едната страна, па превртете и на другата страна, печете исто толку или пократко. Печените палачинки редете ги една врз друга, најгорната поклопете ја со со втората превртена на чинијата и филувајте по желба./Coolinarika.com

Ќе бидете восхитени од вкусот! Коментар на Лидија Влахова: „6 јајца, 400 г брашно, 200 мл обична вода, 6 лажици масло и 600 мл млеко. Ова е мојот рецепт за двојна доза, а ако сакате вие преполовете ја количината”.