Home Рецепти Палачинки од шише – Овој рецепт ви штеди време, нерви и нема...

Палачинки од шише – Овој рецепт ви штеди време, нерви и нема валкани садови

Рецепт и видео презентација на Валентина Машковиќ – палачинки од шише.

Предноста од приготвувањето на тесто за палачинки во шише е тоа што секогаш можете да направите само онолку колку што ви е потребно, а остатокот да го оставите во фрижидер до следната употреба. На крај само фрлете го шишето и немате валкани садови за миење.

Потребни состојки:

1 пластично шише и инка
200 г брашно
200 мл млеко (или вода, ако немате млеко)
200 мл вода
3 лажици масло
2 јајца (со средна величина)
1 лажица шеќер (за слатки палачинки)
1 рамна лажичка сол (за слатки само прстофат)

Постапка:

Шишето најдобро е да биде од вода или добро измијте го и дезинфицирајте го. Преку инка или тутурутка направена од хартија, ставете го брашното во шишето.

Потоа додадете 400 мл вода (или половина млеко, половина вода), двете јајца, 3 лажици масло, шеќер и сол.

Потоа затворете го шишето и добро протресете го. Кога смесата ќе се изедначи, загрејте ја намастената тава за палачинки, па постепено излевајте од смесата директно од шишето и печете ги палачинките вообичаено.

<

Палачинките се печат по неколку минути од двете страни. Од оваа количина излегуваат 10 големи палачинки. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.