Здраво драги пријатели, драги домаќинки и домаќини. За љубителите на овошје и брзите подготовка на слатки, ова е врвен рецепт.

Толку едноставна, без многу комплицирини матења и постапки, па дури и не жалам кога целата ќе се изеде во еден момент, зошто секогаш одново и многу лесно можам повторно да ја направам.

Значи, ако сте за вакво нешто, не пропуштајте го овој рецепт. Не ви требаат многу намирници и не мора да бидете експерт за слатки. Многу едноставно, евтино, бргу и се топи во уста – Валентина Машковиќ.

Потребни состојки: 400 г. бисквити, 400 г јагода (или друго бобесто овошје), 400 г. нектарини, 2 банани, 600 г овошен јогурт, 200 мл слатка павлака или шлаг (може да биде и чоколадна глазура).

Декорацијата е по ваш избор. Подготвената торта единствено што треба да е да ја оставите во фрижидер најмалку 2 часа, за да се натопат бисквитите и тортата да се стегне.

Постапка: во еден подлабок сад со рака искршете ги бисквитите, крупно или ситно, како ќе ви дојде. Јагодите измијте ги, исчистете ги од петелките, па крупно исечкајте ги, на половинки или четвртинки.

На ред се нектаринките, измијте ги, исчистете ги од семките, па и нив исечкајте ги исто како јагодите. Бананите излупете ги и исечкајте ги на тркалца. Одозгора прелијте ја содржината со јогурт.

Може да користите овошен јогурт како мене, но може и обичен јогурт, а во тој случај додајте и малку шеќер по вкус. Потоа убаво промешајте ја смесата со лажица за да се изедначт сите состојки.

Калап за торти со средна величина (приближни димензии 27х17 см) обложете го со проѕирна фолија, па приготвената смеса рамнимерно распоредете ја во калапот и израмнете ја површината.

Вака приготвената торта оставете ја во фрижидер да одмори најмалку два часа за да се стегне убаво, а бисквитите убаво да омекнат. Потоа можете да ја декорирате по ваш вкус.

Бидејќи тортата целата е овошна, најдобро одговара да изматите шлаг или 200 мл слатка павлака, да ја покриете целата торта и да ја декорирате со парчиња овошје.

Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Рецепт и видео презентација на Валентина Машковиќ.