ОВОШЕН ЛОКУМ – НАЈБРЗА И НАЈЛЕСНА ПОДГОТОВКА: Не седнуваме да пиеме кафе без вкусно локумче…Со овој рецепт можете да си приготвите сок со вкус каков што сакате. Ние одбравме сок од калинка…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чаша од 100 мл):
2 чаши сок од калинка (400 мл)
1.5 мала чаша шеќер (110 г)
1 мала чаша (нешто помалку) скроб/нишесте/густин (25 г )
40 г крупно сечкани лешници
ПОСТАПКА:
1.Исцедете го сокот од калинката (или овошје по избор. Ако има пулпа, сокот треба да се процеди).
2.Добиениот сок, шеќерот и скробот се мешаат додека да се изедначи смесата и да нема грутчиња.
3.Гответе со непрекинато мешање додека да згусне. Откако ќе ја постигне густината, продолжете со готвење на тивок оган 20 минути.
4.Исклучете го огнот, додајте ги лешниците и промешајте. Сипете ја смесата во навлажнет сад (со ладна вода) – 15 см, или калап каков имате.
5.Оставете да се олади најпрво на собна температура, а потоа и во фрижидер 5 часа.
6.Пред да го превртите наопаку посипете го со скроб или кокос. Превртете го, посипете го повторно, па исечете го на коцки. Постапката погледнете ја ОВДЕ.