Овој рецепт за крофни мора да го имате зошто на сите им успева, нема да зажалите и пак ќе ги направите!

Ова е рецепт со кој не можете да погрешите, прстенот околу секоја крофна никогаш не изостанува!

Потребни состојки:Тесто

  • 1 кг брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 6 жолчки
  • 100 г шеќерж500 мл млеко
  • 100 мл кисела павлака
  • 2 лажици рум
  • рендана кора од лимон
  • малку сол
  • масло за пржење, џем од кајсии, шеќер во прав за поросување

Постапка:

Квасецот издробете го и помешајте го со 5 лажици млако млеко, малку брашно и лажица шеќер. Оставете да се активира. Потоа додадете го во брашното, путерот, жолчките, шеќер, ванилин шеќер, прашок за печиво, рум, малку сол, рендана кора од лимон и кисела павлака измешана со млако млеко, па замесете тесто. Ако тестото ви излезе малку меко, додадете брашно, но по малку. Тестото оставете го да се дига на топло место 1-2 часа.

Кога тестото е дигнато, со раце правете топчиња нешто поголеми од кајсија, па редете ги на побрашнета површина. За полесно да ги формирате топчињата, дланките малку набрашнете ги.

Прекријте ги со крпа и оставете да се удвојат.

Пржете ги на загреано масло, да има околу 2 прста. Во маслото се спушта страната која не била врз побрашнетата површина. Поклопете со капак и оставете да се пржат 3 минути, потоа свртете ги на друга страна и пржете без капак уште 3-4 минути да добијат убава боја.

Пржените крофни редете ги на хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Потоа полнете ги со џем и поросете ги со шеќер во прав.

Loading...