„Овој рецепт го готвам 5 дена по ред – Овие ролнички со мелено месо можеме да ги јадеме секој ден без престан“

Од почеток до крај, сосе замесување на тестото и сечкање на кромидот, па сè до готвењето и послужувањето, за овој рецепт одвојувам приближно еден час, што за мене е совршено бидејќи тоа е релативно кратко време за еден ваков гурмански специјалитет – месо во тесто.




Ролничките излегуваат многу вкусни, особено доколку ги послужите со некоја кремаста салата или сос, а совршено одговараат со кисела павлака или кајмак. Може да се приготват во тавче на рингла (како што е прикажано во рецептот), но може и да се печат во рерна под фолија, околу половина час. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за тесто): 200 г брашно, 10 г прашок за печиво (1 кесичка), 5 г сол, 20 мл млеко, 20 мл масло за готвење, 150 г кајмак/кремсирење/кисела павлака. ЗА ФИЛ: 300 г мелено месо, 150 г рендан кашкавал, 1 главица кромид, 3 г црн пипер, 1 јајце, мајоран и други зачини по вкус, 20 г ситно сечкан свеж магдонос




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад за месење ставете 200 г брашно и додајте една кесичка прашок за печиво (10 г), по 20 мл млеко и сончогледово масло, а најпосле додајте 150 г кремаст кајмак или крем сирење или кисела павлака, а може и густ јогурт.




Измешајте ги состојките и замесете го тестото со рака неколку минути додека тоа да стане компактно и мазно, средно меко по густина. Ставете го чист сад, покријте го со проѕирна-стреч фолија и тргнете го настрана да одмора 15 минути.




Потоа истресете го на малку набрашнета работна површина, обликувајте топка без да го премесувате и со помош на оклагија развлечете тенка кора со дебелина од приближно половина центиметар. Покријте ја кората со проѕирна фолија за да не се суши додека го приготвувате филот:




ЗА ФИЛ: Во меленото месо (300 г) додајте ситно рендан кашкавал (150 г), ситно исечкан или сомелен кромид (една главица), едно јајце, сол, зеленчуков зачин, мелен црн пипер, малку мајоран или зачини по ваш вкус, малку ситно сечкан свеж магдонос, па сето добро измесете го рака додека да се изедначи.




Смесата со мелено месо рамномерно распоредете ја врз целата површина на кората од тесто, во тенок слој. Израмнете и изедначете, па внимателно започнете да го виткате тестото од подолгата страна. Ролатот малку притиснете го со рацете за да биде покомпактен.




Сечете дебели ролнички (приближно 3 см или по желба, може и подебели), и лесно обликувајте ги со раце. Во нелеплива тава загрејте малку масло на умерена температура, па спуштајте ги ролничките и запржете ги од двете страни по неколку минути, додека да заруменат.




Кога ќе се запржат и од двете страни, во тавата долијте 50 мл вода, поклопете со капак, намалете ја температурата и оставете ги ролничките да се готват уште 20 минути, додека да ја впијат течноста и да се зготви месото.




Зготвените ролнички одозгора наросете ги со ситно сечкан магдонос/перца од млад кромид или власец, и послужете ги со кремаст кајмак. Меки се како душа и многу, многу вкусни. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаАКО ИМАТЕ ВИСОК ПРИТИСОК: Овие 2 намирници треба да ги јадете секој ден
Следна статијаНикогаш не сум јадела повкусна торта, без печење и без кондензирано млеко, одлична е