Калишкиот манастирски комплекс го сочинуваат четири светилишта, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики и уште две цркви едната посветена на мајката Божја и другата на светите апостоли Петар и Павле.
За чу-дата на манастирот се слуша многу надалеку. Овде е една од највредните икони кои постои во земјава, а единствена на Балканот, Чу-дотворната икона – „Богородица во црно“, пронајдена во малата пештерска црква.
Се верува дека мајката божја ис целува од сите неизле чиви болести но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца, сведочи домаќинот Наќе Парталов кој веќе повеќе од десет години живее во манастирот, пренесува Канал 5.
Луѓе односно жени кои не можат да имаат деца, се молат на пресвета Богородица и стануваат мајки, а многу од нив подоцна доаѓаат со своите деца да посведочат за чудото: „Да не беше Пресвета Богородица ќе го немав ова детенце“, вели тој.
„Континуирано сме врзани со манастирот и како деца континуирано сме доаѓале. Една од историските реткости посебно за нашиот крај мислам дека има многу посетители, служба. Отсекогаш познат по примерност во смисла на хигиена“, вели еден стружанец.
Во манастирскиот двор се наоѓа Чинарот од времето на Цар Самуил, стар 700 години. Духовноста на светилиштето, верувањето во исцелителноста и благословот на Мајката Божја е вистинска магија и причина за многуте венчавки и крштевки во манастирот.
КАЛИШКИ МАНАСТИР
Калишки манастир — македонски православен ставропигиален манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Струшко и воедно претставува летна резиденција на поглаварот на Македонската православна црква. Се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро во природен карпест амбиент.
Цркви
Во манастирскиот компекс има 4 цркви, од кои две се посветени на Рождеството Богородично, од која едната е пештерска и е постара, а другата е понова и претставува главната манастирска црква и две други, од кои едната е посветена на Св. Петар и Павле, а дтугата исто така пештерна, посветена е на Св. Атанасиј.
„Рождество на Пресвета Богородица“
Црквата Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ претставува главната манастирска црква. Во неа се наоѓа позната икона на Црната Богородица. Црквата е обновена во 1977 година, а темелите датираат од XVIII век. Секоја недела и за време на празници редовно се служи Божествена Литургија.
Карактеристична е резбата на иконостасот изработена од страна на тајфата на Наум Донев од Охрид. Црквата е фрескописана во византиски стил. Денес тука се чува и иконата на Пресвета Богородица, пред која по молитвите на монасите и на сите верни се случуваат исцелителни чуда.
Жените кои се неротки со вера во исцелителната моќ на иконата доаѓаат да се ноклонат пред неа, најмногу за празникот на манастирот – Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) на 21 септември.
Според легендата за време на втората светска војна на повеќе наврати иконата била фрлана во езерото со цел да се уништи, но секогаш повторно се враќала на брегот од езерото, сведочејќи за тивкото присуство на Божјата Благодат, која по Божја промисла се излева на ова место.
„Рождество на Пресвета Богородица Пештерна“
Потекнува од XIV век. Оваа црква е основата на самиот манастирски комплекс. Црквата се наоѓа во карпа и во неа се наоѓаат три монашки ќелии – 2 на првиот кат и една на вториот кат. Во близина на црквата има две исцелителни води посветени на Свети Петар и на Свети Ананија.
„Св. Атанасиј“
Се наоѓа во непосредна близина на манастирот Калишта, јужно од него, срасната со околните карпи, се наоѓа пештерната црква, посветена на Александрискиот архиепископ – Атанасија. Во внатрешноста е сочуван најголемиот ансамбл на средновековното сликарство во Струшко.
Иако не се зачувани пишувани извори, стилските белези на овие фрески недвосмислено упатуваат на нивното датирање во седумдесетите години од 14. век. Гледајќи го сликарството во целост, зачуваните ликови на светителите и неколкуте композиции од Големите Празници, со помош на ликовните карактеристики на овој живопис, ни откриваат рака на вешт зограф, кој одлично го познавал својот занает, а со голема љубов ги сликал познатите ликови што го илустрираат Светото Евангелие. Дел од живописот бил насликан и во 19. век.
„Св. Петар и Павле“
Оваа црква е најнова во комплексот. Под неа има извор на лековита вода. Изградена е во 1990 година, а осветена е на 8 мај 1997 година.
„Св. Теодор Тирон“
Во еден од конаците постои параклис посветен на Св. Теодор Тирон, изграден и живописан во 2002 година. Монасите од братството го користат за совршување на своите молитвени правила во зимскиот период. Овој параклис, а всушност и целиот конак, е надвиен од вековните гранки на стариот чинар, кој го зазема централното место во манастирот. Стар е 645 години и се верува дека неговиот постанок, е паралелен со населувањето на првите монаси во овој комплекс. / Википедија