Прекрасен кремаст колач за кој се зборува уште кога бев дете. Се подготвува многу брзо и лесно, а во вкусот ќе уживате со своите најблиски. Има прекрасен богат крем кој ја полни целата уста со убав шмек кој се разлева низ сите сетила.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 белки, 200 г шеќер, 2 лажици брашно, 200 г мелени ореви. ЗА КРЕМ: 6 жолчки, 6 лажици шеќер, 1 пудинг од ванила, 1 лажица брашно, 500 мл млеко, 200 г путер/маргарин, 100 г шеќер во прав, 200 мл слатка павлака за шлаг.




ПОСТАПКА: Изматете снег од белки, додавајте шеќер постепено, па на крај со лажица промешајте ги оревите и брашното. Истурете во намастен и набрашнет калап па печете на 180 степени додека кората да фати коричка однадвор.




За фил: измешајте жолчки, шеќер, ванилин шеќер, пудинг и лажица брашно, па сварете ги во млекото како пудинг. Во изладениот пудинг додајте пенасто изматен путер со шеќер во прав. Добиениот крем нанесете го врз печената и изладена кора, а одозгора завршете со шлаг. Украсете по желба, изладете во фрижидер и уживајте.




Може да го прочитате и следниот рецепт за непечен крем колач. Ова е една од повеќето варијанти за колач од пудинг и кекси, но овој рецепт се разликува од другите по тоа што воопшто не се забележува дека кремот е всушност пудинг.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 мл вода/млеко, 4 полни лажици шеќер, 2 кесички (од 37 г) пудинг од кокос или ванила или некој овошен, 120 г путер, 100 г маскарпоне или друго кремасто, несолено сирење, 100 г кекси за кора, 110 г кекси за фил, 30 г кекси мелени за наросување одозгора.




ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете 600 мл вода (а кој сака може да стави млеко наместо вода). Додајте четири лажици шеќер и две кесички прашок за пудинг. Промешајте убаво со жица за матење додека да се изедначи, да нема грутчиња.




Може да користите било каков пудинг со светла боја, по ваш вкус, да не е чоколаден, поради визуелниот изглед на колачот (кексите се темни, со какао). Смесата ставете ја на оган, на умерена температура и постојано мешајте додека да згусне. Кога ќе се свари, во врелиот пудинг ставете 120 г путер исечкан на ленти. Промешајте додека тој да се растопи и соедини со пудингот. Кремот оставете го настрана да излади.




Калап со димензии 22х15 см обложете го со хартија. Бисквитите натопувајте ги во вода/млеко/сок (по вкус) и редете ги во два реда на дното на плехот (бисквити се потребни околу 100 г, тоа зависи од величината на калапот кој ќе го користите).




Во изладениот крем додадете крем сирење (маскарпоне) и убаво измешајте за да се изедначи. Потоа додајте кршени бисквити и уште еднаш промешајте со лажица. Филот рамномерно распоредете го врз кората од бисквити и израмнете. Одозгора може да наросите мелени/сечкани кекси или чоколадна глазура. Колачот изладете го добро пред послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.