Овој еликсир со цитрон изедете го после ручек – ќе ги стопите калориите!

Овој чудесен еликсир ќе го забрза вашиот метаболизам и процесот за согорување на калориите!

 

Потребни состојки:

1 голем зрел цитрон

1 лажица мед

Постапка:

1.Цитронот, по можност ладен, исечете го на половина и со лажица извадете ја пулпата.

2.Пулпата заедно со медот ставете ги во блендер и миксајте додека да се изедначи смесата.

Неколку голтки од овој еликсир, после ручек (почекајте дваесеттина минути после оброкот), во состојба е да согори речиси половина од внесените калории.

Има лековито дејство против хипертензија и болести на кардиоваскуларниот систем.

Овој чудесен еликсир во себе содржи корисни елементи:

1.Пектин, кој придонесува за делотворно излачување на вишокот од лошиот холестерол (ако секојдневно јадеме цитрон, лошиот холестерол ќе го намалиме за 15,5%, а триглицеридите за дури 27%, покажуваат бројни истражувања), го намалува нивото на инсулин во крвта и го нормализира метаболизмот.

 

2.Ликопен, кој помага во борбата со токсините и штетните материи во организмот.

Цитронот исто така содржи бројни состојки кои помагаат во борбата против настинка, а докажано е дека спречува појава на поедини видови рак и болести на срцето.

Цитронот е познат како антиоксиданс и по своето силно антибактериско делување. Богат е со витамин Ц, содржи витамини А, Б, Д, Е како и калциум, фосфор, магнезиум, манган, цинк, багар и железо.

Сепак имајте во предвид дека цитронот може да го засили делувањето на некои лекови, па доколку користите редовна терапија, консултирајте се со лекар.

Претходна статијаОвој еликсир го продолжува животот! Пробајте го уште денес!
Следна статијаПробајте го овој фантастичен кокосов ориз! – рецепт