Ова е една спектакуларна слатка погача-колач, без јајца, неверојатно вкусен десерт, а секој што еднаш ќе го проба, задолжително го подготвува повторно и повторно.. Рецептот е едноставен, а комбинацијата на чоколадно печиво со кокос сите ги воодушевува. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл топло млеко, 125 г кисела павлака или цврст јогурт, 100 мл масло, 3 лажици шеќер, 1 прстофат (на врв од лажицата) сол, 13 г свеж квасец (половина коцка), 2 лажици какао во прав, 465 г брашно (+,-). ЗА ФИЛ: 180 г кокосово брашно, 380 г кондензирано млеко. И уште: чоколадо и кокос




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад за матење ставете 200 мл топло млеко и додајте 125 г кисела павлака. Промешајте да се изедначи смесата, треба да биде млака. Потоа додајте 100 мл масло, 3 лажици шеќер, малку сол и изронете половина коцка квасец.




На крај додајте 2 лажици органско, незасладено какао во прав. Брашното додавајте го постепено. Промешајте додека сите состојки да се соединат во компактна смеса, а кога тестото ќе згусне, месењето продолжете го со рака. Треба да добиете меко и сосем малку лепливо тесто.




За да стане мазно, откако ќе го замесите тестото додајте сосем малку масло, околу една лажица и уште малку домесете го. Покријте го со стреч-проѕирна фолија и оставете го на топло, во просторија без провев. Треба да ферментира додека да го удвои волуменот, околу еден час.




Стасаното тесто малку премесете го, па поделете го на 16-17 приближно еднакви делови, па обликувајте топчиња. ЗА ФИЛ: Во еден сад ставете 180 г кокосово брашно и додајте 380 г кондензирано млеко. промешајте додека да се изедначи смесата.




Формирајте онолку кокосови топчиња колку што имате топчиња од тесто. Потоа секое кафеаво топче од тесто сплескајте го, во средината ставете кокосово топче и затворете го убаво од сите страни. Формираните бтопчиња редете ги во калап обложен со хартија (24 см).




Оставете ги 10-15-тина минути да одморат додека рерната се загрева на 180 степени. Слатката погача ставете да се пече околу 20-25 минути. Одозгора декорирајте со растопено чоколадо и наросете кокосови трошки.