Природната медицина вели дека младите листови на бозелот, иако нешто помалку од самите цветови, имаат способност да поттикнуваат потење и лачење на урина.
Поради тоа чајот од лист и цвет од бозел се користи во лекувањето на болести кај кои е потребно засилено потење и исфрлање на вишок течности. Пред сè се користи за настинка, грип, бронхитис, за почетен стадиум на воспаление на бели дробови, силна кивавица, ревматски болести…
Чајот од млади листови и цвет од бозел се препорачува кај оние случаи кога е потребно да се подобри функцијата на бубрезите, да се засили излачувањето на урината и да се отстрани насобраната вода во организмот.
Младите фиданки и листовите од бозел, на пример, содржат супстанција која делува врз намалување на зголемениот шеќер во кр-вта, па чајот од нив се препорачува како помошно, дополнително диетотераписко средство во лекувањето на шеќерна болест.
Чајот од бозел против кивавица, бронхитис и воспаление на бели дробови – Чајот од свежи или суви цветови од бозел се користи против кивавица, бронхитис, грозница, во почетен стадиум на воспаление на бели дробови и кај сите ревматични заболувања каде што болниот се поти.
Потребни состојки и постапка: 50 г свежи или суви цветови бозел прелијте ги со еден литар зовриена вода. Оставете да отстои поклопено 10 минути, а потоа процедете. Пијте по неколку шолји дневно.
Напиток од бозел против воспаление на бубрези и за исфрлање на вишок течности од организмот. Напитокот од бозел се препорачува и кај нефритис (воспаление на бубрег), ревматизам и за исфрлање на насобрана вода, односно вишок течности од организмот.
Потребни состојки и постапка: 2 полни раце или околу 50-60 г внатрешна кора од бозел ставете во еден литар вода. Варете ја кората во водата сè додека убаво да зоврие. По неколку минути процедете ја течноста и пијте неколку пати во денот, помеѓу оброците.
За бозелот: Оваа билка се вбројува меѓу најстарите и најлековитите билки, а за исхрана и лекување ја користеле уште многу одамна, за што сведочи пронајденото семе и гранчиња од оваа билка во историските наоѓалишта во Европа кои датираат од камено и бронзено време.
Кај народот оваа билка е позната како боз, базга, зова, безговина, бозел, питом боз… Толку е ценета што постои изрека “Секој кој ќе се најде пред бозел треба да му се поклони и да му симне капа”.
Расте како грмушка со висина од 3 до 10 метри, а гранките се исполнети со ситни бели цветчиња кои се групирани во големи бели соцветија со величина на дланката. Од нив подоцна се развиваат темновиолетови бобинки со изразена сочност и црвена боја.
Зрелите бобинки се користат за приготвување на разни џемови, сокови и лековити препарати. Се користат само целосно созреаните зрна кои не се јадат сирови, туку се обработуваат термички или по пат на ферментација.