Овој колач за мене е совршен…Едноставно и брзо се подготвува, за не подолго од 5 минути го ставам на печење…ПОСНО МЕДЕНО СРЦЕ…
Сочен е и мирисен, мек како душа, се топи во уста, а по вкусот може да се спореди и со некои скапи десерти од слаткарница.
Ова е еден од оние проверени старински колачи, па доколку го правела вашата баба, сигурно ќе ве потсети на безгрижното детство.
Многу лесно и брзо се приготвува, а немате потреба ниту од миксер. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г брашно,
100 г шеќер,
2 супени лажици какао во прав,
2 супени лажици зачин за колачот медено срце (го има во поголемите продавници),
1 лажица сода бикарбона (10 г),
300 мл вода,
100 мл масло за готвење,
2 супени лажици мед (50 г),
200 г џем од кајсии или праска.
За фил:
300 г џем од кајсии,
3 супени лажици врела вода.
За чоколаден прелив:
150 г посно црно чоколадо,
3 супени лажици масло,
3 супени лажици растителна павлака за готвење (ако смесата е прегуста, додајте 1-2 лажици врела вода.
ПОСТАПКАТА (за плех/калап со димензии 36х24 см) детално опишана можете да ја прочитате ОВДЕ:
Видеото можете да го погледнете ОВДЕ: