Овој рецепт сите го препишуваат…Многу лесна постапка за пита со сирење и кашкавал…се разграбува до последна трошка…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
1 лажица шеќер 20 г
1 кесичка сув квасец 10 г
1 чаша млако млеко 200 мл
1 чаша млака вода 200 мл
1/4 чаша масло 50 мл
6 чаши брашно 720 г
1 лажичка сол 8 г
За премачкување на тестото:
150 г путер
За фил:
150 г крем сирење
100 г рендан кашкавал / чедар
За одозгора:
1 жолчка+1 лажичка млеко
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад измешајте ги прво течните состојки со квасецот и шеќерот, а потоа постепено додајте го брашното и солта и замесете средно меко тесто кое не се лепи за рака. Покријте го и оставете го на топло да го удвои волуменот.
2.Стасаното тесто нежно премесете го и поделете го на 4 топки. Покријте ги да не се сушат, па земете едно тесто и развлечете го во голема кора 40 см. Тргнете ја настрана и развлечете ги другите кори.
3.Земете ја првата кора и премачкјате ја со путер. Преклопете ја со втората кора, па и неа премачкјате ја. Поставете ја третата кора, премачкјате и најодозгора поставете ја последната кора.
4.Премачкјате крем сирење и посипете рендан кашкавал, па внимателно свиткајте ролат.
5.Ролатот исечете го на парчиња со широчина од 2 прсти. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, нежно притиснете ги одозгора со прстите и оставете ги да ферментираат 15 минути.
6.Премачкјате ги со жолчка и печете ги во загреана рерна на 185 степени додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/wxkmFna_muw?si=GxWdWMOFGTo9Njt_