За сите љубители на брза и вкусна вечера или појадок ова е еден совршен рецепт кој неодамна стана хит на Интернет. Верувам дека ќе ви се допадне и дека често ќе го подготвувате најмногу поради убавиот вкус, но и брзата подготовка.




Нема ништо поубаво за децата кога им е полно стомачето, а потоа не посегнуваат по грицки и чоколади затоа што се најадени. Оваа вечера е токму таква и секогаш легнуваат најадени. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 пакувања тестенини/инстант нудли, 3-4 јајца, 50 г чајна или некое друго сувомеснато, 50 г моцарела, 60 г сирење, шери домати и од зачини: оригано, сол, црн пипер, соја сос, балсамико, масло.




ПОСТАПКА: Земете 3 пакувања нудли кои се продаваат заедно со зачини масло. Извадете ги од кесичката и ставете ги во подлабок сад, па прелијте ги со врела вода. Оставете да отстојат во неа околу 5 минути додека настрана го подготвувате филот.




Настрана изматете со жица 3-4 јајца додека да станат пенасти. Ако јајцата се многу големи, тогаш доволно е да ставите само три. Зачинете ги со сол, црн пипер, оригано, а може да ставите и малку соја сос, балсамико и масло во нив.




Нудлите исцедете ги од водата и кога ќе бидат омекнати префрлете ги во смесата со јајца и добро измешајте. Во поголемо тефлонско тавче со четка премачкајте со малку масло и почекајте да се загрее.




Смесата со нудли и јајца истурете ја во загреаното тавче и убаво распоредете ги нудлите, да има насекаде подеднакво. Покријте со соодветниот капак и оставете да фати коричка околу 5-6 минути.




Потоа превртете да се испече од другата страна, тоа може да го направите со превртување на смесата на рамна чинија, а потоа само да ја ставите да се запече на втората страна. Врз испечената страна наредете сувомеснато, кашкавал, сирење…




Кога ќе се растопи кашкавалот и сирењето одозгора префрлете ја ,,питата” на чинија и одозгора наредете шери домати, па послужете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.