Питата со сирење е една од најстарите рецепти кои нашите баби и мајки ги приготвуваа некогаш, а потоа се измислени рецептите со други филови. Нема некој кој не сака пита со сирење, а на секој празник или прослава се наоѓа послужена на помали коцки.




Рецептот на Сања Мандиќ е малку поразличен од вообичаената подготовка на оваа пита. Пробајте и ќе се уверите во нејзиниот вкус, за кој многумина тврдат дека е нешто највкусно што некогаш го пробале. Ќе ви бидат потребни следниве состојки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори за пита, 400 г ситно сирење, 2 јајца, 1 лажичка сол. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 40 г свеж квасец, 1 лажичка шеќер, 50 мл млака вода, 3 јајца, 400 мл млеко, 200 мл масло, 1 лажичка сол, 500 г мело брашно. Забелешка: Jajцата и млекото се вадат на собна температура, минимум 1 час пред подготвката на питата.




ПОСТАПКА: Во еден помал сад се става 1 лажичка шеќер и во тоа се додава изронет 40 г свеж квасец. Малку промешајте, па одозгора прелијте со млака вода, да се прелие  квасецот (околу 50 мл млака вода). Измешајте и оставете квасецот да се активира, за што ќе биде потребно неколку минути.




За филот: Во друг сад издробете го сирењето и по вкус посолете го (ако веќе не е солено). Во сирењето додајте 2 јајца и добро соединете. За премачкување: Во сад во кој сте ставиле 500 г меко брашно, додајте 3 цели јајца, 400 мл млеко, 200 мл млеко, па измешајте додека сите состојки да се инкорпорираат.




Во тестото додајте малку сол, па кога сето добро ќе го измешате, додајте го активираниот квасец. Сите состојки добро соединете ги, додека да се формира густо тесто кое може да се излева. Настрана подгответе 500 г готови кори за пита.




На рамна површина ставете ја првата кора и премачкајте ја со филот од квасец. Слободно може да ставате повеќе од филот. Одозгора се става втора кора, па и таа се премачкува со филот. Потоа третата кора, која се премачкува на ист начин. На третата кора, се става од филот со сирење (претходно поделен на 5 еднакви делови) само од едната страна на кората.




Сирењето фино се распоредува, па се витка како штрудла. Вака подготвениот ролат се реди во намастен плех за печење (доколку плехот ви е помал, може да ги пресечете краевите на тестото). На овој начин се подготвуваат 5 големи ролати, но може и помалку, што значи дека секој ролат е подготвен од 3 готови кори.




Во филот со квасец се разредува со малку вода (тоа што ви останало сосем на крајот), па се премачкува врз ролатите. Потоа ролатите се намастуваат со малку масло. Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 35-40 минути, во зависност од јачината на рерната.

После печењето, ролатите се премачкуваат со малку вода, на собна температура и се покриваат со крпа. По ладењето на ролатите, се сечат на помали парчиња. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.