Синди Ален-Стјуарт од сојузната држава Тексас открила како брзо да ги ублажи изгорениците кои ги здобила по изложување на силното сонце.
На својот Фејсбук профил споделила фотографии од пред и после третманот.
На првата фотографија се гледа црвенило на кожата, додека на втората фотографија се гледа дека црвенилото целосно се повлекло. Решението, како што таа тврди, се крие во пената за бричење која содржи ментол.
“Мора да биде пена и во себе да содржи ментол. Нанесете ја на местото со изгорениците и оставете да делува на кожата. Ќе почувствувате како ја извлекува топлината од кожата.
После 30 минути пената ќе изгледа како да се стопила и ќе биде исушена. На деловите каде имате изгореници ќе чувствувате ладно, а тоа е добар знак”, го прераскажува своето искуство оваа жена и советува:
После тоа исплакнете се со млака или ладна вода под туш”, додава. Третманот , вели таа, е потребно да се повтори следниот ден доколку изгореницита целосно не се повлекла.
Таа признава дека овој трик го слушнала од еден лекар, но дека не верувала додека сама не го испробала на своја кожа. Сепак, на сите им препорачува да се заштитат со крем за сончење пред да се изложат на сонце, за да не дојде воопшто до изгореници.
Дека навистина функционира пената со ментол, потврдила и дерматологот д-р Џесика Крант.
“Пената за бричење во многу случаи содржи ментол и други состојки кои природно ја разладуваат кожата и даваат пријатно чувство. Ментолот ја елиминира топлината од изгорениците, бидејќи брзо испарува, па опоравувањето е многу побрзо”, вели д-р Крант.
Публикувахте от Cindie Allen-Stewart в Петък, 22 юни 2018 г.
Публикувахте от Cindie Allen-Stewart в Петък, 22 юни 2018 г.