Тестото повеќе нема да ви се кине, ниту ќе биде тврдо на вкус. Овој рецепт е идеален кога сакате да замесите тесто кое расте како лyдо, а е меко како памук. Јас најчесто од него правам леб, не сум пробала да го правам како пица или други печива, но ако пробате, споделете во коментари како ќе ви излезе. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг брашно, 40 г свеж квасец, 400 мл млака вода, 3 средни компири, 3 мали лажици сол, уште 5 до 8 лажици брашно, 1 мала лажица мелен кумин (зачин за мирис и вкус).




ПОСТАПКА: Компирите се мијат под млаз ладна вода и добро се тријат со четкичка или на рака. Ако имате време, може да ги оставите да отстојат во вангла со вода, а потоа ставете ги да се готват во тенџере додека целосно да омекнат.




Лушпата може да ја извадите пред да ги сварите или отпосле. Јас обично користам млади компири и од нив не ја вадам тенката кожичка, само внимавам да биде добро исчистена. Во меѓувреме, додека компирите се варат започнете со подготвување на остатокот од тестото, а потоа само соединете го со компирите.




Во подлабок сад иситнете 40 г свеж квасец или 16 г сув квасец (13 г инстант сув квасец). Сувиот квасец, особено инстант квасецот треба да се измеша во топла вода пред за да се активира. Во ванглата додајте ја млаката вода (не треба да биде зовриена)




Потоа додајте 5-6 големи лажици брашно. Состојките убаво измешајте ги додека квасецот да запени. Покријте ја ванглата со проѕирна фолија и оставете да отстои 10-15 минути. Во меѓувреме, ако ви се свариле компирите, тргнете ги од тенџерето и оставете да се оладат.




Направете пире од компирите со специјална алатка/преса, со рачен блендер или со виљушка. Во активираниот квасец се додава остатокот од брашното (постепено, до посакуваната густина).




Пред да започнете со замесување на тестото, посолете и додајте го куминот, а на крајот додајте го пирето. Тестото коа ќе го замесите треба да биде соединето, мазно и може малку ќе се лепи под прстите, но само одвојте го од краевите на садот на кој се залепил.




Кога ќе ви се формира леплива смеса, веднаш можете да ја покриете со најлонска фолија и да оставите тестото да одмори околу 30 минути на топло место. За овој период тестото многу ќе порасне.




Префрлете го на набрашнета работна површина и убаво замесете го со превиткување на краевите кон средина. Од ова тесто може да направите леб на следниот начин. Во огноотпорен сад кој одговара на големината на тестото ставете хартија за печење и тестото ставете го во садот.




Набрашнете го уште малку, па повторно оставете да отстои 30 минути покриено со крпа. Потоа со нoж направете резови како крст или нешто по ваша желба и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 250 степени, околу 15 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 55 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.