Ова мора да го пробате: рецепт за воздушесто печиво – стар 30 години!

Меки, нежни, воздушести кроасани кои се топат во уста… баба Зора на овој начин ги приготвува веќе 30 години.

Потребни состојки:

200 мл вода

200 мл млеко

40 г свеж квасец

1 лажица шеќер

1 лажичка сол

4 лажици масло

600 г брашно

200 г путер/маргарин

1 жолчка

Постапка:

Загрејте млеко па додадете квасец и шеќер. Оставете квасецот да се активира, а во садот ставете брашно (речиси целото), па додадете го надојдениот квасец, вода, масло и сол. Замесете тесто додавајќи го преостанатото брашно, формирајте топка и оставете 15 минути да одмори.

Потоа тестото исечете го на 8 јуфки и секоја исукајте ја со величина на голема чинија, во круг, па врз седум јуфки нарендајте путер/маргарин и редете како торта. Врз осмата јуфка, најгоре, не се става маргарин.

Вака наредено се сука една голема кора во круг, со дебелина од 3-5 милиметри, па се сече на 32 тријаголници. Кроасаните може да се полнат со фил по желба, но може и да останат празни, секако се вкусни.

Свиткајте ги како кифлички да личат на полумесечина и редете ги на намастен плех. Одозгора премачкајте ги со жолчка и оставете ги да киснат 60 минути. После тоа можете да ги печете во претходно загреана рерна на 200 степени додека да заруменат.

Претходна статијаКармички долгови: ПЕТ знаци дека сте жртва на фамилијарно проклетство – како да се ослободите од нив
Следна статијаРУСКИ КАПИ – многу вкусни и декоративни!