Тиквичките се омиленото летно јадење затоа што освен што се вкусни, тие се и многу здрави. Бонуcот кај овој зеленчук е што можеме да го јадеме во големи количини без да се грижиме за килогpaмите, бидејќи содржи многу малку калopии. Денес ќе ви го откријам моето омилено јадење со тиквички кое многу лесно се приготвува. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 поголема тиквица (300 г), сол по потреба, малку масло за мастење на плехот и наросување, лебни трошки за валање на тиквичките и наросување на плехот, 100 г рендан кашкавал, 100 г ситно сирење, малку кечап. ЗА ПРЕЛИВ: 2 јајца, 1 прстофат сол, 2 лажици кисела павлака




ПОСТАПКА: Тиквичката добро измијте ја, а потоа без да ја лупите исечкајте ја на многу тенки тркалца со дебелина од 3-5 милиметри. Потоа тркалцата посолете ги и добро измешајте ги за да се распореди солта.




Земете еден плех со средна величина (димензии 20х30 см), намастете го на дното и ѕидовите, па наросете го со лебни трошки (презла). Потоа секое тркалце тиквичка валајте го во лебните трошки да се налепи од двете страни.




Тркалцата од тиквички редете ги на дното од плехот, но скалесто, малку да се преклопуваат едно врз друго, за да нема празен простор на дното. Врз наредените тиквички рамномерно наросете рендан кашкавал и ситно сирење.




Одозгора ставете малку кечап по вкус и наросете една лажица масло, па започнете со редење на вториот слој тиквички, на ист начин како и претходниот: валајте ги во лебните трошки од двете страни и редете ги скалесто за да се покрие целата површина.




Врз вака наредените тиквички наросете една лажица масло, не повеќе, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени, околу 15 минути. Потоа пригответе го преливот: во една чинија скршете две јајца и изматете ги со виљушка.




Во јајцата додајте малку сол и две супени лажици кисела павлака. Добро изматете за да се изедначи смесата. Излејте ја рамномерно врз тиквичките, одозгора наросете уште малку рендан кашкавал, па вратете го плехот во рерна и печете уште 15 минути на 220 степени. Деталите погледнете ги ОВДЕ.