Ова ќе ве препороди: Проверен руски рецепт за болки во зглобови и ’рбет

Овој природен лек може да ги одржува зглобовите во добра состојба, да ги намали болките и истовремено да елиминира бројни проблеми кои им се пропратни на овие тегоби.

РЕЦЕПТ:

-Исчистете 300-400 г лук, па ситно исечкајте го.

-Сечканиот лук ставете го во стаклена тегла и прелијте го со 1 литар квалитетно, ладно цедено масло (маслиново, сончогледово…).

-Затворете со капак и оставете ја теглата на темно место на собна температура, да одлежи две седмици.

-Не заборавете секојдневно да ја протресувате теглата.

-На крај ќе добиете масло од бел лук, кое треба да се процеди низ 3-4 слоеви газа или двапати низ ситна пластична цедалка.

УПОТРЕБА:

-Маслото се втријува во болните места, на пример во долниот дел од грбот (на крстот) при остеохондроза, болки во грбот или болни зглобови на рацете и нозете при артроза.

-Се покрива со најлонска кеса и се затоплува преку ноќ (на раце – ракавици), на нозе – чорапи, некоја памучна облога).

Лукот ја подобрува циркулацијата на крвта во болните зглобови, а со самото тоа помага во воспоставување на нивните функции. Терапијата би требало да трае два месеци.

Пред употреба на природни средства задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Претходна статијаЕве како да не ви пукнат јајцата при варењето, кога ќе вапсате за Велигден
Следна статијаПрекрасни, шарени, меки плетенки – одлични за појадок!