Палачинките за многумина се омилени, без разлика дали се филувани во слатка или солена варијанта. Кога следниот пат ќе правите палачинки, не заборавајте да го испробате и следниот рецепт. Излегува повкусно од пита, а побрзо се приготвува. Комбинацијата е неодолива, пробајте. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г мелено пилешко месо (филе), 1 парче топено сирење (зденка) или малку рендан кашкавал (1 рака), 1-2 главици кромид, сол, црн пипер, сув лук, оригано. За палачинки: 5 јајца, 5 супени лажици млеко. За одозгора: 1 супена лажица кисела павлака, 30 г рендан кашкавал




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете го меленото пилешко месо, додајте ги сите зачини по вкус и ренданото топено сирење (зденка). Кромидот исечкајте го колку што можете поситно, а потоа издинстајте го на малку масло додека да омекне и застакли.




Оставете малку да подизлади па додајте го во меленото месо заедно со другите зачини. Добро измешајте за да се соедини смесата и да стане хомогена. Смесата покријте ја со кеса или фолија и оставете во фрижидер да се поврзат вкусовите додека ги приготвувате палачинките.




За палачинки: во подлабок сад скршете пет јајца, посолете ги и запиперете ги, додајте пет супени лажици млеко, па изматете со кујнска маталка-жица додека да се изедначат. Овие палачинки не се како класичните, туку се приготвуваат без брашно.




На умерена температура загрејте нелеплива тава со дијаметар 24 см или приближно, површински намастена со помош на силиконска четка. Со кутлача излејте од смесата и пржете кратко додека да зарумени од двете страни.




Овие палачинки се печат многу брзо, од едната страна само една минута, а од друга страна само 10-15 секунди. печените палачинки редете ги една врз друга во голема и широка чинија. Пред секоја палачинка намастувајте ја малку тавата.




Од оваа количина се добиваат шест големи палачинки, па соодветно на тоа треба и филот од месо да се подели на шест дела. Вие поделете го соодветно според бројот на палачинките кои ќе ги направите. Секоја палачинка премачкјате ја во тенок слој со месниот фил и свиткајте ја во ролат.




По желба може да намачкате уште еден тенок слој од компир пире, доколку ви останало од претходното јадење.Вака приготвените палачинки наредете го во подмачкан плех и премачкјате ги со мешавина од кисела павлака и рендан кашкавал. Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.