Ова е навистина фантастична, кремаста торта која пред сè се прави многу, многу брзо и едноставно, а вкусот е Ммммммм…КАТЕРИНА ТОРТА. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Кора: (мерки за една кора, испечете две вакви)
3 јајца
3 лажици шеќер
5 супени лажици ореви
1 лажица брашно
1 лажица какао
Прелив: (доволно за двете кори)
2 лажици шеќер
150 мл вода
Кора 2:
5 белки
150 г шеќер
75 г сечкани бадеми
75 г сечкани ореви
30 г суво грозје
30 г брусница
2 лажици брашно
Фил:
5 жолчки
4 јајца
8 лажици шеќер
250 г путер
арома од ванила
И уште:
200 мл слатка павлака за декорација
ПОСТАПКА:
Кора 1 и 3: одделете ги белките од жолчките. Белките се матат убаво додека да запенат, а се продолжува со матење додека да се добие цврст снег што не паѓа од садот кога ќе се преврти.
Потоа додавајте жолчка по жолчка. Намалете го миксерот на најмала брзина и полека, лажица по лажица додавајте брашно, ореви и какао.
Истурете го тестото во калап кој претходно сте го намастиле и посипале со брашно. Печев во тркалезен калап за торти со пречник 28 см.
Печете ја кората во загреана рерна на 180 степени додека малку да се одвои од работ на плехот. Потребни ви се две вакви кори. Пред да ги филувате овие кори натопете ги со прелив за да се меки и сочни.
За прелив: измешајте ги шеќерот и водата, ставете на шпорет малку да зоврие. Доволно е да се стопи шеќерот. Оваа количина е доволна за да ги прелиете двете кори.
Кора 2: Белките убаво изматете ги додека да запенат, па постепено додајте го шеќерот и продолжете со матење додека да добиете цврсти врвови. Во посебен сад измешајте ги бадемите, оревите, сувото грозје, брусницата и брашното.
По желба можете претходно да го оставите сувото грозје да отстои во рум да се хидрира.
Таа мешавина полека додајте ја во снегот од белки. Намалете го миксерот на минимум или исклучете го, а потоа додајте ја мешавината нежно мешајќи со лажица. Најдобро е да се меша бавно и нежно за да остане смесата воздушеста и пенлива.
Сипете ја смесата во истиот калап во кој ги пречевте и претходните две кори, намастен и набрашнет или обложен со хартија за печење.
Ставете да се пече во рерна загреана на 150 степени. Оваа кора треба темелно да се исуши. За да ја испечете ќе ви треба малку подолго време од првата кора.
Фил: со миксер се матат цели јајца, жолчки и шеќер. Кога ќе добиете густа смеса, ставете го садот врз пареа и сварете го кремот со непрекинато мешање.
Кога ќе се свари филот оставете го да се излади. Во ладниот фил додајте го изматениот путер. Најдобро е да се мати путерот кој убаво омекнал на собна температура. Во филот додадете арома од ванила.
ФИЛУВАЊЕ: Се филува кората1 – фил – кора 2 – фил – кора3 – фил. Не заборавајте да ги натопите корите 1 и 3 со преливот. Декорирајте ја тортата со изматена слатка павлака или шлаг. Рецепт на Боби / Сооlinarika.сom