ОВА Е НАЈВКУСНАТА ПИЛЕШКА САЛАТА: Не може нашата куќна слава да помине без неа

„Нашата куќна слава не може да помине без пилешка салата… Уште од септември почнаа да ме прашуваат дали и оваа година ќе ја правам „онаа“ пилешка салата. Бидејќи секогаш имам многу гости, така и од оваа салата мора да направам голема количина. Обично ја правам еден ден претходно за да има за следните два дена.“ Рецепт на Санда Јаниќ Станковиќ.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг пилешко месо, околу 1 кг кисели краставички (2 тегли од 680 г), 1 тегла кисели црвени пиперки (филетирани/пеглани), 150 г сусам, 15 јајца, 1 кг мајонез, 700 г кисела павлака.

Потребни состојки за помала количина: 1 кг пилешко месо, 330 г кисели краставички, 2-3 црвени кисели пиперки или по вкус, 50 г сусам, 330 г мајонез, 230 г кисела павлака.




ПОСТАПКА: Најпрво варам 3 кг пилешко бело месо. Кога ќе се олади ситно го сечкан на коцкички. Потоа, на ситни коцки сечкам околу еден килограм кисели краставички, поточно две тегли од по 680 г.




На ситни коцкички исто така, сечкам и цела една тегла филетирани црвени кисели пиперки. Потоа во сува тава печам околу 150 г сусам на тивок до умерен оган со постојано мешање додека малку да ја промени бојата и да замириса. (Кога ќе се олади кој сака може да го сомели, но не мора).




Петнаесет јајца ги варам 10-тина минути, да бидат тврдо варени, па откако ќе се оладат ги рендам на крупната страна од рендето. Потоа мешавината се посолува по вкус.

Додавам и еден килограм мајонез и 700 г кисела павлака. Сите овие состојки ги мешам во еден голем пластичен сад за да може рамномерно да се распоредат сите состојки. Овде ја наведов количината што јас ја приготвувам за слава, но сето тоа, секако, може да се намали.




Салатата е многу вкусна, доста е заситна и одлично одговара како прилог со мезе, а може да се мачка и на леб. Ние сите ја обожаваме, а и моите гости, па кој сака нека ја проба. / Рецепт на Санда Јаниќ Станковиќ. Доколку сакате испробајте ја и следната пилешка, кремаста салата со кикирики:




Доколку не сте ја пробале досега оваа салата, топло ви ја препорачуваме. Кикириките во овој кремаст сос со пилешко месо – совршено си одговараат! Салатата е заситна, па може да се полужи и како оброк. Убаво изгледа, брзо се прави – совршенство од салата. Пробајте, нема да се покаете.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г пилешко бело месо, 300 г кисела павлака со масленост 20%, 200 г мајонез, црн пипер по вкус, 50 г пропржен сусам и 200 г солено мелено кикирики или пропржено кикирики




ПОСТАПКА: Најпрво 400 г пилешко месо сварете го вода со малку сол. Потоа исцедете го, оставете го да излади, па колку што можете поситно исечкајте го. Во подлабок сад ставете 300 г кисела павлака со мм 20% и 200 г мајонез. Зачинете со црн пипер по желба и вкус. Добро промешајте додека да добиете изедначен крем.




Сусамот пропржете го сува тава колку да замириса и малку да пожолти. Оставете да се олади па додајте го мешавината од павлака и мајонез. Кикириките купете ги солени и печени, а доколку се сирови, исто така, испечете ги во рерна и посолете ги. Потоа солемелете ги и додајте го претходната мешавина.




Измешајте убаво додека да се изедначат и соединат состојките. Додајте го месото и повторно промешајте. Вкусете дали е доволно солено и по потреба додајте зачини.

Декорирајте по желба. Салатата може да се послужи ладна директно од фрижидер, како предјадење, мезе, како прилог, па дури и како главно јадење. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.

Претходна статијаНАЈКРЕМАСТАТА ПОСНА ТОРТА, ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ: Колку подолго стои, толку е повкусна
Следна статијаБРЗА ИЗЛЕАНА ПОСНА ПИТА: Едноставна и многу вкусна, за 10 минути е готова