,,Како вистински Холанѓанец, јас сум голем љубител на нашите цвеќиња. И како пејсажен фотограф, секоја година уживам во нашата прекрасна пролет во која секогаш наоѓам време да ги фотографирам цвеќињата и да ја покажам нивната убавина низ целиот свет.’’
Повеќето од вас веројатно ја познаваат светски познатата градина Кикенхоф во Холандија, најубавата градина со лалиња во светот.
Секоја година милиони туристи ја посетуваат градината. Станува збор за огромен број на посетители со оглед на тоа што градината е отворена само во пролет.
Секоја година, персоналот се грижи градината да изгледа добро, како и секогаш, вклучително и оваа година.
,,Оваа година е посебна’’ – вели познатиот фотограф. ,,Кикенхоф е затворен за првпат во 71 година. Но, тоа не значи дека нема цвеќиња. Напротив, цвеќињата изгледаат неверојатно и добиваат исто внимание и грижа како и претходно.
Сите градинари си ја вршат својата работа како и порано. Дури и без посетители, природата и ‘’животот’’ на градината продолжува.’’ – додава фотографот.
,,Лалињата ги фотографирам отсекогаш. Ги фотографирам дури од сите агли, што веројатно можете да замислите, но постоеше уште нешто што отсекогаш сакав да го фатам на камера.
Станува збор точно за оваа градина. Сакав да направам албум од фотографии, каде што градината е без луѓе и посетители. Во камерата да се гледаат само убавините на природата. Сето ова се чинеше невозможно, се до април оваа година.
Вирусот К19 ги задржа сите туристи во своите домови, па така знаев дека ова е мојата единствена шанса да ја исполнам долгоочекуваната желба.
Контактирав со луѓето од градината, објаснувајќи им што имам на ум, а тие беа толку добри, што ми дозволија да ја фотографирам градината во текот на еден ден.
Кога го посетив паркот, изгледаше исклучително добро. Интересно е тоа што искусивме сончев април во Холандија, па цвеќињата расцутеа многу брзо.
Фотографирањето на сред бел ден со силното сонце беше предизвик. Но, заборавете на фотографијата за момент. Да шетате токму овде, да го почувствувате неверојатниот мирис и да го слушнете звукот на птиците е беспрекорно искуство.
Отсуството на луѓе во паркот ми овозможи да ги фотографирам лалињата и патеките од посебни агли, што обично не може да се види поради гужвата.
Овој фото-албум е иницијатива од мене и во соработка со вработените од градината Кикенхоф. Наша цел е да ја покажеме убавината на паркот преку овие слики. Штета што не е вклучена миризбата.’’ – како за крај додава фотографот.
(Сл. 1) Без луѓе наоколу, овие цик-цак патеки стануваат видливи, со посебно внимание на деталите во изгледот на градината.
(Сл.2) Познатата Кикенхоф ветерница. Мелничарот беше доста љубезен да ја премести во правилна позиција за да насликам.
(Сл. 3) Несекојдневен вид на лалиња, што досега го немав видено.
(Сл. 4) Светски познатата ,,Сина река’’, патот од сини зумбули што се протега низ дрвата.
(Сл. 5) Во градината Кикенхоф можете да најдете еден куп класични холандски мостови. Ова е еден необичен, веднаш на влезот опкружен со ‘’море’’ од разнобојни лалиња.
(Сл.6) Дали споменав да внимавате на детали? Од земја не се забележува, но кога фотографирав со дронот на неколку метри височина, забележав дека лалињата се засадени во форма на голем лале цвет!
(Сл.7) ‘’Море’’ од лалиња во мојата омилена област на паркот – базен со фонтана во средина.
(Сл.8) Редови и редови од лалиња, зумбули и нарциси – цвеќиња меѓу дрвата.
(Сл.9) Обожавам да фотографирам идеалистички портрети на цвеќиња, а Кикенхоф е совршено место за тоа со своите многу различни видови на цвеќиња.
(Сл.10) Моите омилени места во Кикенхоф се базените. Гледањето на водата што ги рефлектира дрвата и цвеќињата предизвикува мирно чувство. Ако погледнете одблизу, ќе забележите градинар кој си ја врши својата работа. Бидејќи и без посетители, работата во градината продолжува.
(Сл.11) Во некои делови од паркот, можете да најдете бескрајни мориња со разнобојни лалиња кои заедно праватубава, апстрактна палета од бои.
(Сл.12) Малите патеки предизвикуваат хармонија со дрвата и различните цвеќиња околу нив.
(Сл.13) Слика од белиот мост на влезот во паркот, што ја покажува височината на еден рид со илјадници лалиња пред него.
(Сл.14) Перспектива со низок агол во делот од паркот што сакам да го наречам ‘’Градина со расцутени цреши’’. Tука може да најдете дванаесет дрва каде што цутат цреши во комбинација со лалиња.
(Сл.15) Високо доминантен, светол тон на цвеќето Империјална леска (Fritillaria imperialis). Едно од моите омилени цвеќиња во паркот.
(Сл.16) Цик-цак редови на цвеќиња, вода и патеки. Скоро изгледаат како амбиентот меѓу нив да танцува.
(Сл.17) Обратете внимание на одличните форми во кои се засадени цвеќињата. Обожавам како ги комбинираат убавите цвеќиња со дрвата. А интересно е тоа што, сите цветаат во исто време.
(Сл.18) Осмели се да бидеш различен! Бело лале со црвен лист што се издвојува од ждребот, со поглед на разнобојните лалиња во позадина.
(Сл.19) Портрет слика од синиот зумбул.
(Сл.20) Вистински летни вибрации со зелени дрва, сино небо и кружни форми направени од лалиња. Сега е само пролет, но оваа слика веќе ме потсетува на лето.
(Сл.21) Многу ми се допаѓа како се направени редовите од лалиња во паркот.
(Сл.22) Сонцето ѕирка меѓу дрвата, а линиите и редовите од цвеќиња и патеки прават хармонија меѓусебе.
(Сл.23) Сите различни цветови се совршени, ако правиш макро-слики од нив во парк.
(Сл.24) Една од моите омилени сцени во паркот: јапонска, расцутена цреша со прекрасна форма, а пред неа – пат опкружен со лалиња за да стигнеш до неа. Личи на сцена од бајките.
(Сл.25) Мојата омилена област во паркот, со голем базен од десна страна и редови од лалиња насочени кон средината.
(Сл.26) Тајната е во деталите на овие мали зумбули, внимателно распоредени околу дрвата.
(Сл.27) Црвено – жолт тепих од лалиња, што се гледа од перспектива на дрон со височина од 10 метри.
(Сл.28) Портрет од интересен вид на нарцис – цвеќето.
(Сл.29) Навистина не можам да одолеам на овие прекрасни, различни видови на цвеќиња со различни бои распоредени помеѓу малите патчиња и дрвата, насекаде низ паркот.
(Сл.30) Погледни преку мостовите за шетање низ паркот, со расцутена цреша на врвот.
(Сл.31) Водата ја рефлектира убавината на цвеќињата и дрвата.
Текстот за НМД.мк го подготви Мартина Христовска.