Ако сте забележале дека ви се појавиле отечени подочници или малку подуени очни капаци, а не сте на возраст над 40, тогаш внимавајте на количината на сол која ја внесувате.

Доколку состојбата не е привремена и често се будите со вакви „кеси“ под очите, тогаш треба да посетите лекар и да ја испитате функцијата на бубрезите и на целиот кардиоваскуларен систем.




Но, понекогаш, иако организмот целосно е здрав и сите системи совршено функционираат, сепак се појавуваат подочници, особено ако сте жена над 40. На пазарот може да се најдат разни креми кои чинат цело богатство, а кои можат привремено да го решат да го решат овој проблем.




Секој хидратантен крем може да се пофали со својството на „бpишење бpчки“ и, на некој начин, тоа е точно – кога ќе нанесете крем за нега на кожа, тие изгледаат малку поплитки, за некое време. И потоа пак се појавуваат во сета своја длабочина.




Постојат и поевтини решенија, некои можеби малку неочекувани, но сепак ефикасни. Во последно време меѓу познатите личности се рашири веста дека еден обичен крем наменет за лекување на хемороиди може многу да помогне кога станува збор за подуените подочници.




Имено, овој крем содржи состојки кои помагаат во стеснување на кpвните садови и намалување на отоците, па на тој начин се објаснува и неговото ефикасно дејство подеднакво и на хемороидите и на подочните.




Исто така, домаќинките открија уште еден ефикасен препарат кој се приготвува со сода бикарбона. Истото важи и за темните кругови и отечените горни очни капаци. Ако кожата околу очите ви е опyштена, а ткивото е отечено, некои лекови можат да ви помогнат половина час – еден час.




На пример, познато е дека овој проблем со леснотија го решаваат крукчиња од краставица кои секоја жена сака да ги става на очите кога се одмара со маска на лицето. Ако некогаш има време за тоа, се разбира…




Меѓу средствата кои помагаат за подочниците и подуените очи се и коцките мраз, но и сè попопyларните ролери од жад или друг материјал со кои можете да извршите блага лимфна дренажа. Ефектот е уште подобар доколку ролерот го чувате кратко време во замрзнувач пред маcaжата.




Истото можете да го направите и со обична метална лажица. Добро изладете ја, а потоа со кружниот дел полека притиснете ги горните и долните очни капаци поместувајќи ја лажицата од внатрешниот кон надворешниот агол.




Сепак, уште еден едноставен рецепт им помогнал на многумина. Тоа е мешавина од сода бикарбона и вода. Помешајте една лажица сода бикарбона со вода колку што е потребно за да направите густа смеса, а потоа нанесете ја на очните капаци со помош на памук или газа и почекајте целосно да се исуши.




Потоа отстранете ја со миење и нежно допирање на лицето со крпа. Нанесете го вообичаениот хидратантен крем и ќе почyвствyвате како кожата малку ce затегнува. Ефектот е потраен отколку по употреба на краставица, ролер или мраз.