Ова е најдоброто природно средство за пеглање на брчките!
Маслиновото масло се стекна со популарност меѓу жените кои се грижат за кожата на своето лице.
Најдобрите и едноставни средства за борба против брчките околу очи, се токму облозите и кремите приготвени со маслиново масло.
Овој супер ефикасен серум наменет за областа околу очи се приготвува од само две состојки:
50 мл маслиново масло
5 капсули витамин Е.
Од капсулите истиснете ја течноста и измешајте ја со маслиново масло. Ќе добиете одлична хранлива маска за брчки околу очи.
Оваа маска можете да ја нанесувате секоја вечер, со кружни движења во времетраење од 5-10 минути: нанесете неколку капки од серумот врз брчките.
Со прстот започнете да лизгате од коренот на носот, па следејќи ја линијата на веѓата полека спуштајте се под окото и опишете елипса. Масажата правете ја само во оваа насока.
За крај, направете лесно тапкање со наизменично движење на двата прста, на пределот кој е најмногу погоден од брчките.
Маската не се испира а вишокот отстранете го со хартиено марамче.
Овој природен серум ќе ве воодушеви: тој е едноставен – и навистина функционира!
Потребни се само овие 2 состојки: ладно цедено маслиново масло и витамин Е.
Зошто овие 2 состојки?
Маслиновото масло е едно од најстарите богатства за блескав и прекрасен тен на жените. Почнувајќи од античките, египетски времиња, жените го користеле овој производ за зголемување на убавината на својата кожата.
Дали некогаш сте се запрашале зошто жените кои живеат во медитеранските земји имаат таква прекрасна кожа и убава, густа коса?
Маслиновото масло е нивната тајна. Овој прекрасен природен производ ги хидрира и храни кожата и косата. Природно е богат со антиоксиданси и витамин Е, а истовремено го олеснува исфрлањето на токсините од телото.
Денес, маслиновото масло нашироко се користи во индустријата за убавина, од кое се произведуваат бројни препарати за убава кожа.
Помага во одржувањето на еластичноста на кожата, а истата ја прави мазна и светла; Ја храни косата давајќи и здрав сјај.
Третмните со маслиново масло се успешен начин за спречување на раните знаци за стареење и различни проблеми со кожата. Ја омекнува и и’ дава сјај на кожата, го спречува предвременото стареење и појава на брчки а истовремено ја хидрира.
Витаминот Е се смета како витамин на убавината и младоста. Го успорува стареењето на кожата, ги намалува брчките и го намалува заморот.
Кожата која се третира со витамин Е станува подмладена и позатегната. Витаминот Е или токоферол, има регенеративно дејство врз кожата и ги мазни брчките.
Главната улога на витаминот Е е антиоксидативна заштита од штетното дејство на слободните радикали. Со својот антиоксиданс-ефект ја штити кожата од производите на природните метаболички процеси и штетните влијанија од животната средина.
Ги неутрализира ефектите на оксидација предизвикана од УВ зраците врз протеините и липидите на клеточните мембрани, а со тоа и создавањето на слободни радикали, кои се важен фактор во процесот на предвременото стареење.
Има антивоспалително дејство, ја намалува еритемата која се јавува после сончање или од дејството на штетните материи и го забрзува процесот на регенерација на оштетените клетки, со што се намалува времето на заздравувањето на раните.
Ја намалува загубата на трансепидермалната вода, ја хидрира и омекнува кожата. Го спречува создавањето на липопероксид и го спречува создавањето на акни. Исто така, ја зголемува активноста на ензимите во кожата.
Има регенеративно дејство врз кожата и ги мазни брчките. Витаминот Е е ефикасен за лекување на лузни (се користи дури и во операција).