Сите сакаме витка линија, убаво обликувано тело, но на тоа главно ни текнува кога ќе претераме со храна и кога се ближи летото. За да ослабеме мора да се води сметка на многу фактори, а секако здравата исхрана е најважна. Покрај здравата исхрана потребна е и физичка активност, за да имаме добро здравје и виткото тело.

Ако здраво се храниме и имаме физичка активност, нашиот имунитет е многу подобар и полесно ги пребродуваме вирусните напади.

Овој напиток го забрзува процесот на топење на килограмите и масните наслаги. Но секако, мора да се придржувате и на другите услови (здрава храна, физичка активност), за да биде успешен овој процес.

Состојките се многу здрави и делуваат антиканцерогено, антибактериски и антивоспалително. На крај ќе имате здраво и совршено обликувано тело.

Потребни состојки:

1 лажица чиа семки

1 чаша вода

1 лимон

1 лажица мед

Постапка:

Прво ставете го чиа семето во малку вода за да ја ослободи слузта и на тој начин да се активираат лековитите состојки. После еден час, измешајте ги лимоновиот сок, медот и водата. Можете сето да го ставите во блендер и да го измиксате.

Се пие секое утро по една чаша, на празен стомак. Ќе забележете подобрување и ќе се чувствувате многу подобро.