Oва е колач од кој ќе се раcпаметите колку е добар, моите бараат да им го направам повторно, што поскоро

Толку сочен и со нежна текстура што веднаш се топи во уста, а на изглед е премногу декоративен што може да го послужите при секое доаѓање на гостите, дури и за најсвечени пригоди.

Кај нас е редовен десерт особено кога свекрва ми ќе дојде кај нас, зашто таа го овожава, а многу ми е важно нејзиното мислење. Се состои од 3 слоеви, бисквит, пудинг и глазура, многу е богат и затоа сите го обожаваат.




Потребни ви се неколку состојки и уште неколку минути да ги измешате, а потоа само да го ставите на печење. Веројатно сите состојки ги имате во домот, така што можете веднаш да си го направите и да го испробате вкусот. Моите бараат секој викенд да им го правам, толку многу им се допадна. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 мл млеко, 4 кесички ванилин шеќер (40-50 г), 2 кесички прашок за пудинг од ванила (вкупно 80 г). ЗА БИСКВИТ: 5 јајца, 250 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 100 мл масло, 100 мл млеко, 250 г меко брашно, 1 кезичка прашок за печиво, 30 г какао. ЗА ГЛАЗУРА: 400 мл кисела павлака, 120 г шеќер во прав.




ПОСТАПКА: Најпрво се прави пудингот, бидејќи треба да се почека да се олади пред да го филувате колачот. Во подлабок сад ставете 2 кесички пудинг со вкус на ванила и издвојте околу 100 мл од целокупната количина на млеко за да го разматите прашокот.




Убаво изматете со миксер на послаба брзина или со жица маталка, а остатокот од млекото ставете го во тенџере да зоврие. Штом зоврие, намалете го огнот или тенџерето потргнете го настрана, па додајте 4 кесички ванилин шеќер (или по вкус) и разматениот пудинг.




Со константно мешање, варете додека да ја добиете посакуваната густина на пудингот. Пудингот треба целосно да се олади пред да го филувате, а одозгора покријте го со проѕирна фолија за да не фати коричка.




ПОДГОТОВКА НА БИСКВИТОТ: Издвојте ги белките од жолчките. Белките се матат додека станат пенасти и цврсти. Во жолчките додајте го шеќерот и матете со миксер додека да се соединат во кремаста, густа смеса. Додајте го ванилиниот шеќер, маслото и млекото, а потоа продолжете со матење додека да се соединат сите состојки.




Настрана измешајте ги брашното, какаото и прашокот за печиво и постепено додавајте ги во смесата од жолчки. Внимателно соединете без да се формираат грутчиња од брашното. Кога ќе ја изедначите смесата соединете ја со пената од белки, внимавајќи да се сочува нејзината пелива структура.




Намастете плех со стандардна големина и наросете го со малку брашно, а вишокот истресете го. Излејте ја кафеавата смеса која ќе се испече како бисквит, а потоа на одделни места ставајте од пудингот со помош на лажица, како да ставате топки сладолед.

На овој начин пудингот ќе се разлее низ колачот додека се пече и ќе биде многу сочен однатре. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути. Пред да заврши печењето направете ја глазурата од 400 мл кисела павлака изматена со шеќер во прав.

Кога колачот ќе се испече, премачкајте го во тенок слој со глазурата, измазнете и вратете во рерна да се допече на истата температура уште 10-тина минути. Кога колачот ќе се излади, послужете на коцки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаПИТА БЕЗ КВАСЕЦ: Најубавото јадење од детството, кога ќе помислам на него, ми се пријадува
Следна статијаТРИК СО ГАЗИРАНА ВОДА: Teгнета влашка пита на поразличен начин – сочна и вкусна