Вкусна пита од спанаќ и сирење. Оваа пита е вистинско есенско јадење идеално како лесен ручек или вечера. Може да ја правите 1 час пред ручекот бидејќи многу брзо се прави, особено тестото кое не се чека да стаса.




Потребни состојки за фил: 2 јајца, 160 г маргарин (путер), 1 лажичка сол, 400 г рендано сирење, ½ кг сечкан спанаќ. За тесто: 1 кг брашно, 1 коцка квасец, 1 јајце, ½ л млеко, 3 помали чаши масло (чаши како за кафе), 2 лажици шеќер, 1 лажица сол, малку млеко.

Начин на подготовка на филот: 2 јајца се матат заедно со миксер со 160 г маргарин или путер и се додава сол. Потоа додајте околу 400 гр рендано сирење и ½ кг сечкан спанаќ.




За тесто: Во вангла ставете го квасецот заедно со јајцето, шеќерот, солта и малку млеко од 500 мл количината. Промешајте и додајте го преостанатото млеко, маслото и на крајот постепено додавајте го брашното додека го замесувате тестото. Замесете меко тесто.




Поделете на четири еднакви делови и од секој дел развлечете го во кора од 40/25 см. Премачкајте со фил и завиткајте во ролат. Потоа од секој ролат сечете помали ролатчиња со дебелина од 1,5 см.

Вака подготвените ролни редете ги во плех обложен со хартија за печење како што е прикажано на сликата. Одозгора тестото се премачкува со жолчка, се наросува со сусам и се остава да нарасне додека рерната за печење да се загрее.




Печете во претходно загреана рерна на 200 степени додека питата да порумени. ВАЖНО: Откако ќе се испече питата, додека се уште е топла во плехот, одозгора истурете млеко (1 лажица на неколку ролати) и оставете да се впие, а потоа послужете. / Coolinarka.com




Прочитајте го и следниов рецепт, пита на малку подруг начин. Брза излеана пита со спанаќ– брза како БРЗИ ГОНЗАЛЕС. Питата е превкусна, лесно и многу брзо се приготвува, идеално се секое време, особено кога немате доволно време. Наместо спанаќ може да употребите блитва, коприва или што и да имате.




Потребни состојки: 400 г спанаќ или зелје, 4 јајца, 1 шолја (за чај или бело кафе од 250 мл) пченкарно брашно, 2 шолји пченично брашно (обично, бело), 100 мл масло, 1 прашок за печиво, 1-2 лажички сол или по вкус, 1 чаша кисело млеко од 180 г, 300 г ситно сирење за пита.




Постапка: Спанаќот убаво измијте го, исцедете го, па исцепкајте го или исечкајте го ситно. Ставете го во еден сад и прелијте го со зовриена вода, а може и да го обарите (како ви е полесно). Оставете малку да отстои за да омекне, па процедете го.




Бидејќи питата брзо се приготвува, уште на почетокот вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Во поголем сад скршете ги јајцата и изматете ги со жица. Додадете масло и киселото млеко, па повторно измешајте за да се соединат состојките. Посолете по вкус и додајте го пченкарното брашно.




Промешајте со жицата за да се соедини смесата. Наместо пченкарно може да користите хељдино или некое друго по ваша желба. Додајте една шолја обично брашно, па откако добро ќе промешате, додајте го сирењето, втората шолја брашно и прашокот за печиво.




Спанаќот процедете го, па и него додајте го во смесата. Убаво со лажица промешајте за да се изедначат состојките. Еден класичен плех со средна величина намастете го со масло па излејте ја смесата и рамномерно распоредете.

Одозгора можете да наросите сусам и да ја ставите питата да се пече во загреаната рерна на 200 степени околу половина час. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.