Ова беше највкусната чоколадна торта со лешници која денес ја јадев: На мајка ми веднаш ѝ побарав рецепт

Оваа чоколадна торта со лешници ќе ве воодушеви и сигурно ќе побарате уште неколку парчиња, бидејќи нема да сетите кога сте се прејале. Јас изедов 3 парчиња и уште не ми е доста. Имено, денес и беше роденден на мајка ми, па таа одлучи да направи домашна торта по рецепт кој што го видела на интернет.




Да ви кажам дека сега ми е омилена, иако денес ја пробав. Веднаш зедов да си го запишам рецептот и уште утре ќе ја направам, му ветив на сопругот. Оваа чоколадна фантазија нема да ве остави рамнодушни, особено кога сте имале долг и напорен ден, па ви треба нешто за да се наградите. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (За чоколадна смеса): 150 г шеќер, 150 мл вода, 150 г чоколадо, 50 г какао. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за 1 кора, а потребни се 3 кори): 3 белки, 3 лажици шеќер, 3 лажици брашно, 3 лажици мелени лешници, 2 лажици од претходно направениот чоколаден фил, 1/2 лажичка прашок за печиво. Испечете 3 вакви кори.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за фил): 9 жолчки, 3 лажици шеќер, 250 г маргарин или путер, 150 г шеќер во прав и преостанатата чоколадна смеса. И УШТЕ: 1 кесичка шлаг пена, 100 мл млеко и 1 лажица шеќер во прав. Мелени кекси за декорација. За чоколадната глазура: 50 г чоколадо, 3 лажици масло, 1 мала лажичка вода.




ПОСТАПКА: шеќерот и водата соединете ги во едно тенџере и ставете на рингла да зоврие и да се направи шербет. Додајте го какаото и чоколадото искршено на коцки. Варете на тивко додека кремот да се згусне малку со почесто мешање.




Настрана пенасто изматете ги белките и додајте го шеќерот, па продолжете да матите со миксер додека да се формира пенаста структура. Додајте го брашното, мелените лешници и прашокот за печиво, па целата смеса измешајте ја со шпатула до соединување.




Во смесата додајте 2 лажици од чоколадниот крем кој претходно го подготвивте и измешајте ги состојките. Во кружен плех, обложен со хартија за печење (може да користите со флексибилен обрач со пречник 24 см) излејте ја белата смеса и рамномерно распоредете ја. На овој начин подгответе 3 кори.




Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути. Во меѓувреме жолчките изматете ги со шеќерот на рингла, па кога смесата ќе се згусне тргнете ја настрана. Посебно изматете со миксер маргарин (омекнат на собна температура) и шеќер во прав, па смесата од жолчки додајте ја во маргаринот и инкорпорирајте еднолично.




Потоа излејте го чоколадниот крем кој првично го направивте и соединете во фина, еднолична смеса. Шлаг пената направете ја според упатството на кесичката или според состојките наведени погоре со млеко и малку шеќер во прав.




Редење: прва кора, 1/3 чоколаден кремаст фил, 1/2 шлаг пена, втора кора, 1/3 чоколаден кремаст фил, 1/2 шлаг пена, трета кора, 1/2 чоколаден кремаст фил и глазура. Глазурата се прави на вообичаен начин и се глазира откога тортата ќе се излади неколку часа во фрижидер или најдобро преку цела ноќ.




Тортата е многу вкусна особено кога ќе се стегне и ќе се исечат вистински парчиња без да се распаѓаат. Можете да ја декорирате со мелена плазма или лешници. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаСекоја година пијам една доза од овој лек за проширени и затнати вени: Евтин лек кој ги „поправа“ нозете
Следна статијаЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ ЗА 5 МИНУТИ: Просто се прави и не е скап, ова чоколадно чудo ќе ви биде омилено