Освои 50.000 куни: Имала 135 кг, ослабела 51 кг, кога се појавила во тесен фустан, им испаднале очите

Ова е жената која заслужено ја освои наградата од 50.000 куни. Кога влегла да учествува во шоуто “Живот на вага” таа имала 135 килограми.

Ослабела 51 кг, а кога се појавила во тесен свечен фустан, на сите ќе им испаднеле очите од изненадување.

Најголем процент на изгубена телесна маса меѓу сите нефиналисти од Живот на вага има Мирна Посавеќ. Нејзините изгубени 38,3% ја збогатија за 50 илјади куни. Имено, иако не успеа да влезе во финалето, бидејќи испадна во последниот предизвик, сепак таа ги “растури” останатите и ја освои титулата за најдобар нефиналист, бидејќи изгубила најмногу килограми после испаѓањето од куќата.

Loading...

Пред два месеци 28 годишната девојка влегла во шоуто со 135 килограми, а денес е полесна за дури 51,8 кг. На прашањето за што ќе ги искористи овие пари, таа одговара:

“За почеток сакам многу да патувам, па затоа на тоа ќе се посветам. Книги, гакс, сето тоа да го решам. Но, најмногу ќе се посветам на себеси”- открива Мирина.

На победата преку Инстаграм и честитаа многумина, меѓу кои и водителката на емисијата Маријана Батиниќ.

Живот на вага е шоу кои на многу луѓе им го подобри животот на подобро.

“Тоа што ја освоив наградата од една страна ме изненади, но од друга – ја очекував, бидејќи имав најмногу ослабено од сите учесници. Но, иако доста ослабев, сепак уште не тоа – тоа” – Имено, таа би сакала да ослабе уште 10-тина килограми и сега работи на зголемување на мускулната маса, затоа што сака да изгледа како нејзиниот фитнес-тренер од шоуто Маја Ќустиќ.

Не се откажав од себеси и од слабеењето, ниту кога излегов од шоуто, бидејќи здравјето ми е на прво место. веќе не ми е толку загрозено како што беше порано, но и натаму имам вишок килограми кои треба да се истопат.

Таму вежбавме на еден начин, а сега се занимавам со она што ме опушта, а тоа е пилатес и јога. Сега е потешко отколку во емисијата, бидејќи имам обврски, а во куќата се грижевме само околу вежбањето и за тоа како здраво да се храниме.

Пред да влезам во шоуто, во главата ништо не ми беше средено, и потоа како да проработе некој клик и сфатив дека ако сакам да живеам, мора да се грижам за моето тело.

Loading...