Оваа салата е вистинско освежување, па дури и за оние кои не се љубители на празот. Пробајте, нема да ве разочара!

Потребни состојки:

2 страка праз
2 варени јајца
2 компири (варени во лушпа, изладени и излупени)
2 чаши кисели павлаки од 180 г
2 кесички лајт мајонез
200 г шунка
околу 100 г рендан кашкавал

Постапка:

Празот тенко исечкајте го. Варените јајца изрендајте на покрупно ренде. Варениот компир исто така, изрендајте го крупно.

Потоа додадете ги киселите павлаки и мајонезот. Шунката исечкајте ја на ленти или коцки, по ваша желба.

Сите состојки добро промешајте ги за да се изедначат и посолете по вкус. Смесата ставете ја во сад за сервирање и одозгора нарендајте кашкавал.

Може да се јаде како самостојно јадење, а одлично одговара со ладни печења. Мора да ја пробате оваа салата!