Home посни колачи Оригинален вкус на БАЈАДЕРА, колач за слава, родендени или за секој ден...

Оригинален вкус на БАЈАДЕРА, колач за слава, родендени или за секој ден со кафенце…

Бајадера – класична домашна посластица со неодолива комбинација од мелени ореви, бисквити и нежна чоколадна глазура.

Совршена за семејни слави, родендени или за уживање со шолја кафе во секојдневните моменти, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

За основната смеса
700 г шеќер
200 мл вода
250 г маргарин
300 г мелени ореви
350 г мелени плазма бисквити (или обични петит беур бисквити)
НМД

За чоколадниот дел
100 г чоколадо
1-2 лажици какао во прав

За глазурата
200 г чоколадо
4 лажици масло

*За посна варијанта користете посни бисквити и посно чоколадо.

Постапка:

Во подлабоко тенџере ставете 700 г шеќер и 200 мл вода. Загревајте на тивок оган додека шеќерот целосно да се растопи.

Од моментот кога смесата ќе зоврие, варете ја уште 5 минути со повремено мешање. Потоа тргнете го тенџерето од оган и веднаш додајте го маргаринот исечкан на коцки.

Мешајте енергично додека маргаринот целосно да се растопи и да се соедини со шеќерниот сируп.

Во добиената топла смеса додајте ги мелените ореви и мелените бисквити. Убаво измешајте со дрвена лажица додека да добиете густа и изедначена смеса.

Поделете ја смесата на два еднакви дела. Во едниот дел додајте 100 г претходно растопено чоколадо и 1 до 2 лажици какао во прав, па промешајте додека бојата и вкусот да станат рамномерни.

Обложете правоаголен калап со димензии приближно 20 × 30 см со проѕирна фолија или хартија за печење. Прво рамномерно распоредете ја чоколадната смеса и убаво притиснете ја со лажица за да биде рамна.

Потоа врз неа нанесете ја светлата смеса и повторно убаво израмнете ја површината.

За глазурата, на пареа или во микробранова печка растопете 200 г чоколадо заедно со 4 лажици масло. Прелијте ја топлата глазура преку целата површина на бајадерата и со лажица или шпатула убаво израмнете.

Оставете ја бајадерата во фрижидер најмалку 3-4 часа, а најдобро преку ноќ, за да се стегне убаво. Откако ќе се стврдне исечете ја на коцки или правоаголни штанглички.

Послужете ја ладна и уживајте во секој залак! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: