ОРХИДЕИТЕ САКААТ ШЕЌЕР, ЛУК И КАФЕ, А НЕКОГАШ И КОЦКА МРАЗ – Совети како бујно да ви расцветаат орхидеите

Г-ѓа Олга С. сподели интересен рецепт со кој таа го поттикнува цветањето на нејзините орхидеи. Според нејзините зборови, иако орхидејата во нејзината канцеларија не била процветана цели две години, откако го испробала овој метод, забележала ново цветно гранче на својата орхидеја.




Исто така, таа напоменува дека на овој начин орхидеите се прихрануваат само во периодот на одмор, три месеци после цветањето. Тогаш ова „ѓубриво“ ја cтимyлиpа орхидејата на цветање. Не треба да и го давате кога таа веќе цвета за да не ја исцр-пувате дополнително.




Не заборавајте да ги отстраните и сите стари, суви и гнили корења. Сè што треба да направите е да измешајте малку шеќер во вода. Шеќерната вода е одличен cтимyланc за орхидеиите, а г-ѓа Олга вели дека овој метод се користи еднаш, максимум до двапати во доволен временски интервал (најмалку две седмици).




РЕЦЕПТ: Зовријте еден литар вода и во неа додајте една супена лажица шеќер. промешајте за да се раствори шеќерот и поклопено оставете го тенџерето да се олади преку цела ноќ. Со оваа течност залејте ги орхидеите. Важно е тие да имаат добра дренажа и да бидат насадени во специјален супстрат за орхидеи.




ДРУГИ CTИМУЛАHCИ: Многу помагаат контрастните температури, но не смеете да ја изложувате билката на температурата пониска од 15 степени. Ѓубривото за орхидеи треба да биде богато со фосфор. Ова е многу важно ако сакате тоа да ви цвета (може да ставите ќибритчиња)




Орхидеите доаѓаат од тропските краишта, па многу е важно да се одржува нивната влажност. Чувајте ја орхидејата 5 дена на темно место. За три седмици после тоа дефинитивно ќе почне да цвета, доколку е здрава и доколку и се овозможени сите други услови.




Наместо да ја прскајте, во саксијата ставете коцка мраз. Полека ќе се растопува и ќе ги навлажнува корењата. Ова може да го поттикне цветањето. Кога орхидеите не цветаат тие развиваат повеќе корења и листови. Потребно е трпение, бидејќи орхидеите знаат да бидат „тврдоглави“.




Постојат неколку постапки на наводнување: најпрво се потопува целата саксија во вода и се остава супстратот да ја впие водата (минимум 1 минута – максимум 3 часа); потоа се вади од водата и се остава да се исцеди вишокот на вода; постапката се повторува после 7 дена или кога супстратот ќе се исуши.




КОМЕНТАР НА ЛИЛЕ: Орхидеите сакаат разредено кафе, на овој совет случајно налетав на Фејсбук. Ми се чинеше малку несериозен коментарот, но бидејќи мојата орхидеја немаше расцветано со години, си реков да пробам. После еден месец откако ја залеав со раствор од кафе, билката како да почна да се буди од зимски сон и после расцвета многу бујно со дури 25 цвета на неа.




Не направив ништо посебно, да бидам искрена. Направете многу слаб раствор од инстант кафе, доволно е 200 мл течност (во 200 мл вода ставете една мала лажичка инстант кафе). Од оваа течност секој ден по малку ставајте директно во саксијата, во текот на една недела.




КОМЕНТАР НА БОЖАНА: Мојата орхидеја сака лук. Ако сакате орхидејата да ви цвета убаво и подолго, подгответе и лек кој содржи многу хранливи материи. Потребни се еден литар вода на собна температура и три чешниња лук. Водата треба да биде превриена и изладена, а од чешнињата да го исцедете сокот, па да го додадете во изладената вода. Вака треба да отстои еден ден.

Следниот ден потопете ја саксијата заедно со орхидејата во оваа течност, и оставете да се кисне 20-30 минути. Потоа извадете ја и оставете ја на згодно место каде ќе може убаво да се издренира и да се исцеди од неа вишокот течност. Овој метод се користи еднаш месечно.

Претходна статијаСЕЗОНА Е – РЕЦЕПТ ЗА СИРУП ОД ДУЊИ ЗА БРОНХИТИС: Запишете си го
Следна статијаЛоворовите ливчиња може да се искористат и поинаку: за 5 минути ќе имате неверојатна промена во домот