ОРЕВОВКИ… Колачи од белки и ореви какви што ги правеше баба ми…Мајка ми ги нарекуваше „падобранци“…Се топат во уста…Еве што ви е потребно според рецептот на Мима Георгиева:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 белки,
200 г мелени ореви,
200 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
ПОСТАПКА:
Ги ставам белките со шеќерот во водена бања, на тивок оган да се загреат. Потоа ги матам со миксер непрекинато додека да се добие цврст снег.
Ги додавам оревите и ги вмешувам со лажица. Оставам целосно да се излади, а потоа со готварски шприц ги истиснувам во плех обложен со хартија. Ги печам 15 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.
НАЈПОЗНАТИОТ СЛАВСКИ КОЛАЧ – ОРАСНИЦИ: Само 3 состојки, многу лесно и брзо
НОВ ЕКОНОМИЧЕН РЕЦЕПТ ЗА ОРАСНИЦИ: Поевтина верзија, но повкусна, од 4 јајца добив 60 колачи