Оревникот многу потсетува на сочната баклава, а се приготвува на сличен начин. Ми се допаѓа тоа што колачот не е премногу благ и тежок, а многу е вкусен и сочен. Запишете си го рецептот и направете го, нема да се покаете. Посен е, но ќе го правите преку целата година. Еве што ви е потребно, според рецептот на Наташа:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г брашно, 2 мали лажички сода бикарбона, 1 прстофат сол, 150 мл масло за готвење, 250 мл ладна вода. За фил: 120 г мелени ореви и 9 супени лажици шеќер. За прелив: 500 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер (20 г) и 300 мл вода




ПОСТАПКА: За овој калач ќе ви. биде потребен калап со димензии 19х32 см или приближно. Намастете го на дното и страните и оставете го настрана да биде спремен. Во подлабок сад просејте 600 г брашно и во него додајте прстофат сол и две лажички сода бикарбона.




Промешајте го брашното и во средината направете вдлабнување како бунарче. Тука посетепено додајте 150 мл масло и 250 мл ладна вода (на собна температура). На почетокот мешајте со лажица додека да се соединат состојките, а потоа со рака.




Тестото месете го неколку минути додека да стане комапктно и мазно, слободно да се одвојува од ѕидовите на садот и да не се лепи (средно меко). Потоа истресете го на работна површина и обликувајте, развлечете го во кора со дланките или со оклагија, па свиткајте го во валјак.




Малку стиснете го од краевите за да се израмни и пресечете го на осум приближно еднакви делови. Од секој дел направете топче. Обликуваните топчиња покријте ги со кеса за да не се сушат. Секое топче развлечете го во правоаголна кора со величина на калапот.




Со помош на оклагијата префрлете ја тенката кора во дното од намастениот плех. За фил: во подлабок сад измешајте 120 г мелени ореви и 9 лажици шеќер. Врз површината на целата кора рамномерно сипете приближно седмина од оваа мешавина.




Продолжете да ги редете тестата по истиот редослед: кора-фил, сè додека да го потрошите сиот материјал. Последната кора не ја посипувате со фил. Исечете го колачот на коцки и оставете да отстои 20 минути.

Потоа загрејте ја рерната на 180 степени и ставете да се пече приближно 25 минути. Печениот колач оставете го да се олади, а дури потоа направете го преливот: во тенџере ставете 500 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер и 300 мл вода.

Од моментот на зовривање варете го сирупот само уште малку, додека шеќерот целосно да се растопи. Оладениот колач прелијте го со врел сируп и оставете повторно да се олади на собна температура, а потоа и во фрижидер, најдобро преку цела ноќ за да се впие сиот сируп. Деталите погледнете ги ОВДЕ.