Орасници на старински начин, се прават од 2 јајца, 180 г шеќер и 300 г мелени ореви

Фото и рецепт: Славица Николиќ

Потребни состојки:

2 јајца
180 г шеќер
300 г мелени ореви + сечкани за валкање

Постапка:

Изматете ги јајцата со шеќерот додека тој да се стопи и да побели смесата. Потоа матењето продолжете го на пареа за термички да се обработат јајцата.

Во кремот додадете ги мелените ореви и оставете да излади смесата.

Loading...

Потоа, од смесата формијате орасници, валкајте ги во сечкани ореви и редете ги во плех обложен на хартија за печење.

Орасниците ставете ги да се “печат” односно да се сушат на тивок оган: Прво на 180 степени загрејте ја рерната, па околу 15 минути печете ги на 150 степени.

Додека се топли орасниците се меки и затоа оставете ги да изладат. Потоа ќе бидат крцкави и убави.

Фото и рецепт: Славица Николиќ

Loading...