Пред секое купување, проверете го составот  на облеката која ја купувате. Секогаш кога имате можност, изберете природни материјали и држете се подалеку од акрилик, бидејќи тој предизвикува чешање по кожата.

Но, доколку веќе имате некое акрилно парче облека, најчесто џемпер, можете многу лесно да го отстраните непријатното чувство на чешање со помош на овие природни намирници.

Оцет за отстранување на непријатниот допир од џемперот

За да го направите вашиот џемпер мек и удобен, натопете го во мешавина од оцет и вода, оставете го да отстои околу 20 минути, исцедете го и оставете го да се исуши.

“На сите тврди влакна им треба малку омекнување. Иако е најлесно да се стави џемпер во омекнувач, природните алтернативи се исто толку добри, ако не и поефикасни.”

Регенераторот за коса е подобра опција од кој било хемиски омекнувач

Ако не сте задоволни од ефектите на оцетот, обидете се да го омекнете џемперот со регенератор за коса. Како и косата, на влакната од облеката им е потребна влага и хидратација за да бидат помеки и да не ја гребат кожата.

Препорачливо е да ставите малку регенератор на рацете, а потоа да поминете со нив преку џемперот со прстите, да исплакнете со ладна вода и да го оставите да се исуши. Дополнително, регенераторот ќе му даде пријатен мирис на вашиот џемпер.

Ви се смали џемперот по перењето? -без грижи! 

Понекогаш, после машинското перење, а најчесто поради центрифугата или несоодветната температура, алиштата може да ја променат својата величина и да се намалат за еден или два броја.

За среќа на сите домаќинки, постои трик со чија помош лесно може да се поврати првобитната величина на стеснетите алишта. Памучната облека лесно го враќа својот облик и првобитниот изглед, ако направите три едноставни чекори.

Се’ што ви е потребно: топла вода, детски шампон и голем пешкир. Еве што треба да направите: Облеката која се собрала при перењето, ставете ја во благ раствор од вода и детски шампон (на 1 литар вода – 1 супена лажица шампон). Оставете да отстои 20 минути.

Извадете ја облеката, малку исцедете ја па ставете ја врз пешкирот. Свиткајте го пешкирот заедно со облеката во ролна, и оставете го така да отстои 15 минути. Одмотајте го пешкирот па полека растегнете ја ткаенината. Влакната ќе бидат омекнати. Така, лесно ќе можете да ја вратите облеката во првобитната состојба.

После внимателното растегнување, оставете ја облеката да се суши врз пешкирот, во хоризонтална положба.

Прочитајте ја и следната статија: 6 тајни да се задржи убавата боја на облеката при перењето

Без употреба на скапи детергенти и без многу напор, на многу лесен и едноставен начин направете нешто добро за вашата облека.

Погледнете ги, а воедно добро би било да почнете да ги применувате овие неколку трикови со чија што помош вашата бела облека секогаш и при секое перење ќе остане бела, а шарената облека ќе ја задржи својата боја исто како што ја купивте од продавница.

Бела облека

Белата боја на облеката после неколку перења, во зависност од материјалот почнува да добива жолтеникаво-бела нијанса и почнува да изгледа на износена и стара. Белите чорапи изгледаат валкани после неколку носења, без разлика дека сте ги купиле минатиот месец.

Бојата на алиштата е нормално да почне да избледува после некое време, но домаќинките открија еден интересен трик кој ќе ви помогне вашата облека да ја задржи првобитната боја и да изгледа како нова.

Сода бикарбона: Пред перење, облеката потопете ја во раствор од 4 литри вода и 150 г сода бикарбона. Аспирин: Пред перењето, натопете ја облеката во топла вода во која претходно сте растопиле пет Аспирини. Алкохолна киселина: Додадете 240 мл алкохолна киселина пред да почне центрифугирањето на облеката во машината за перење.

Црна и шарена облека

Секое обоено парче облека, па дури и да е најскапо и поквалитетно склоно е кон губење на бојата и негово избледување со текот на времето. Добро би било да примените некои трикови кои ќе ви помогнат што подолго да ја зачувате оригиналната боја на вашата шарена и црна облека за таа да изгледа како нова.

Кафе или чај: На црна облека, додадете 1/2 литар кафе или црн чај пред да почне центрифугирањето на облеката во машината за перење. Сол: На шарената облека, како што е темно сината или виолетовата, додадете 200 г сол пред да почне центрифугирањето на облеката во машината за перење.

Алкохолна киселина и сол: За да спречите вашите фармерки да избледнеат, натопете ги во литар кафе или црн чај пред да почне центрифугирањето на облеката во машината за перење.

Друг начин за да избегнете избледување на бојата на фармерките е да ги натопите во солена вода или во раствор од вода и алкохолна киселина, во размер од 50:50 и тоа пред првото официјално перење. А потоа пред да ги ставите во машината за перење, фармерките исплакнете од ги со ладна вода. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска