„Последниве две години на социјалните мрежи сè повеќе гледам фарбани јајца во вино, па одлучив и кај мене да засветка. Со додаток од прехрамбени бои за колачи или прашкасти фарби,може да добиете различни бои, а со додаток на шеќер дополнителна блескавост“, вели Драгана Михајловиќ од “Направи сама – Идеи за креативци”

„Што се однесува до вкусот на јајцата, можам да ви кажам дека воопшто не се чувствува виното и не слатки од шеќерот, туку си имаат сосем нормален вкус каков што треба јајцата да го имаат. Нормално, доколку некое од јајцата се скрши во текот на варењето, тоа ќе го повлече и вкусот“, објаснува Драгана.

Потребни состојки: 3 бели и 3 жолти јајца, 500 мл вино (најевтиното), 100 г шеќер, прехрамбена боја за колачи или прашкаста фарба за јајца

за половина литар вино потребно е 100 г шеќер
користете некое евтино вино
користете бои за јајца или прехрамбени бои за колачи

Постапка: Во едно тенџере ставете половина литар бело вино (користете некое евтино од тетрапак или пластична амбалажа, навистина нема потреба да трошите некое скапо квалитетно вино, секако ќе успее и со евтино). Потоа додајте 100 г обичен кристален шеќер.

Во едно тенџере ставете половина литар бело вино
Потоа додајте 100 г обичен кристален шеќер.
додајте боја
промешајте
спуштете ги јајцата

Потоа додајте една кесичка боја и промешајте добро. Потоа ставете онолку јајца колку што сакате да добиете со таа боја. На истиот принцип можете да фарбате јајца и во различна боја. За тоа може да ви послужи едно обично старо ѓезве во кое ќе додадете вино, шеќер и боја.

за различни бои ќе ви бидат потребни различни садови
постапката и соодносот на состојките е ист

Тенџерињата со јајцата ставете ги на оган да се сварат. Не смеете да ги мешате јајцата. Кога виното ќе зоврие намалете ја температурата и оставете ги јајцата да се сварат во виното вкупно 8 минути. По изминатото време исклучете ја ринглата и оставете ги јајцата врз топлата рингла.

садовите со јајцата ставете ги на оган
откако ќе зоврие виното намалете ја темопературата
варете 8 минути па исклучете го огнот
оставете ги во виното без мешање 12-14 часа
следниот ден извадете ги на салветка да се исушат

Најдобро е јајцата да се остават во виното 12-14 часа или преку цела ноќ. Затоа најдобро е оваа постапка да се направи навечер. Следниот ден вадете ги јајцата врз хартиена салветка и оставете ги добро да се исушат, за да можат да се формираат кристалчињата. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.

вашите светлечки јајца се готови

Природен начин за фарбање јајца во вино – добивате виолетови светкави јајца за Велигден

Ова е природен начин за фарбање на јајца за Велигден, со кој се добива преубава виолетова боја и светкави кристали кога јајцата ќе се исушат.

Вкусот воопшто не се менува и ова е една од најлесните начини за боење на јајца. За оваа техника не ви е потребно неко скапо вино, па дури се препорачува да биде поевтино, бидејќи тоа остава најсилна боја.

Потребни состојки за 20 јајца: 20 јајца, 2 литри најевтино црно (црвено) вино

Постапка: јајцата измијте ги и наредете ги во тенџере со ладно вино. Виното треба да ги прекрива јајцата, бидејќи не смеете да ги вртите или мешате во текот на варењето, за да не се губи бојата. Ставете ги на оган да се варат најдолго 30 минути, па тргнете ги од оган и оставете јајцата да се оладат внатре во виното.

Ако сакате што повеќе да се зафатат кристали за лушпата на јајцата, оставете ги 24 часа во виното. Потоа не ги премачкувајте со масло за да не испаднат кристалите. Ако не ви се тие важни, тогаш премачкајте ги со салфетка натопена во масло.

Кога ќе ги премачкате со масло повторно се убави бидејќи добиваат поинтензивна боја. Тоа е тоа, многу едноставно, без многу валкање и без вештачки бои. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.