Ова кофеинско масло ја подобрува циркулацијата, го забрзува растот на косата и го спречува нејзиното опаѓање. Истовремено, на косата и дава сјај и цврстина.

Исто така, делува антиоксидативно, спречува стареење, ги осветлува и намалува дамките на кожата, ги пегла ситните брчки и ги отстранува подочниците, стриите и целулитот.

Потребни состојки: 200 мл бадемово масло (од аптека), 150 г мелено кафе (околу 10 супени лажици), 1 стаклена тегла, газа или памучна крпа

Постапка: во теглата ставете го го меленото кафе, прелијте го со бадемовото масло и добро промешајте за да се изедначи. Теглата затворете ја и оставете на топло или сончево место да отстои 14 дена.

Секој ден теглата протресувајте ја по неколку пати за да може да се активира кафето и да се ослободи кофеинот. После две седмици процедете го кафето низ газа или памучна крпа, па лековитото масло може да се употребува.

ЗА КОСА

Еднаш седмично масирајте го темето со ова масло, претходно навлажнето со топла вода за да се отворат порите. Доволни се две до три лажици од маслото за целата глава. Оставете да делува половина час, па потоа исплакнете со топла вода и измијте ја косата со шампон.

ЗА НЕГА НА КОЖА

Навечер пред спиење на исчистено лице нанесете неколку капки од лековитото масло и измасирајте се со помош на јагодиците од прстите. Лицето треба да биде малку влажно кога ќе се нанесе маслото. Оставете го да делува преку целата ноќ.

II НАЧИН: РЕЦЕПТ ЗА КОФЕИНСКО МАСЛО ЗА ПОБРЗ РАСТ НА КОСАТА

Потребни состојки: 2 супени лажици мелено кафе и 4 супени лажици кокосово или друго масло.

Постапка: состојките ставете ги во тенџере на рингла и загревајте на умерена температура. Откако малку ќе се загрее намалете ја температурата на најтивко и варете ја смесата 30-35 минути со постојано мешање. Добиеното масло складирајте го во стаклена тегличка и спремно е за користење.

ставете две лажици кафе
додајте 4 лажици кокосово масло
загревајте на тивок оган додека да се растопи
гответе ја смесата половина час на најслаба температура со повремено промешување

Начин на користење: Натопувајте ги прстите во топлото масло и масирајте го скалпот. Оставете да делува еден час, а потоа исплакнете и измијте ја косата вообичаено.

натопете ги прстите во маслото и започнете со масажа на скалпот
истретирајте ги сите поважни делови каде мислите дека косата ви е проретчена

може да нанесете и по долж целата коса
на крај соберете ја косата, ставете кеса и пешкир. Нека делува најмалку еден час
потоа косата исперете ја вообичаено
ќе бидете презадоволни од изгледот на вашата коса

Лековито масло за коскени шилци во вратот и стапалата

Лекот се состои од масло и кафе кое има постапка за приготвување, а првенствено го објавила позната руска билкарка за лекување на Паркинсова болест.

Со употреба на маслото било забележано дека значително се намалувале коскените шилци во пределот на вратот, на истото место каде се применува за лекување на оваа болест.

Лековито масло за паркинсонова болест и остеоартроза – Рецепт / Овој рецепт го објави Клара Дароњина, прочуена руска треварка, на руската телевизија во емисија за народно и природно лекување со билки.

РЕЦЕПТ: земете свежо пржено кафе и помешајте го со иста количина сончогледово масло. Мешавината од кафе и масло ставете ги во стаклена тегла. Добро затворената тегла оставете ја да отстои 3 недели на сонце.

Со ова масло се масираат вратните прешлени на лицето заболено од Паркинсова болест. Третманот е секојдневен, во текот на 40 дена.

Клара Дароњина вели: благодарејќи на масажата со ова масло исчезнуваат дури и остеофитите (коскено-рскавични израстоци), кои кај повозрасните лица предизвикуваат вртоглавици.