Оваа комбинација која се прави за 5 минути, поттикнува дигестија, ги исфрла токсините од организмот и така помага во слабеењето, а се смета дека може да ослабете и до половина килограм дневно.

сируп од магдонос

Доволна консумација на вода во текот на денот се покажала како еден од главните фактори кои влијаат врз слабеењето, но и врз здравјето. Причината за ова е таа што водата може да го намали апетитот: чаша вода испиена 20 минути пред оброк го исполнува желудникот што резултира со помал внес на храна.

Освен тоа, понекогаш можеме дехидратацијата да ја замениме со потреба за храна, па доколку почувствувате таква потреба за грицки и нездрава храна, испијте една чаша вода и почекајте половина час – ако повеќе не сте гладни, значи проблемот бил во важата дехидрираност.

Иако водата е бескалорична и можеме неограничено да ја пиеме во текот на денот, комбинацијата со мед, краставица, лимон и слични намирници се препорачува како детоксикациско средство.

Водата со магдонос и лимон се смета за вистинско магично средство за слабеење. Оваа вода со магдонос и лимон доколку ја пиете наутро на гладен стомак, резултира со губиток на речиси половина килограм.

Потребни состојки:

60 г магдонос
1 лимон
250 мл вода

Постапка:

Исечкајте го магдоносот, па ставете го во блендер со лимонов сок, и избендајте го во еднолична смеса. Додадете вода и повторно промешајте.

Како се пие овој магичен напиток?

Овој напиток се пие наутро, пет дена по ред, веднаш штом ќе се разбудите. Се советува да не се прескокнува ниту еден ден, а после петтиот ден да се направи пауза од најмалку 10 дена.

Зошто овој напиток се смета за магичен?

Како што е објаснето, водата е идеална за намалување на внесот на калории, додека магдоносот ја подобрува дигестијата, ја намалува подуеноста на стомакот, а лимонот ги исфрла вишокот течности од телото, заедно со токсичните материи. Освен тоа, телото добива потребни витамини и минерали.

Секако, овој магичен напиток нема да делува доколку во текот на денот се храните нездраво. Со квалитетна исхрана исполнета со овошје и зеленчук, овој напиток може да биде алат за слабеење на сувишните килограми.

сируп од лимон

РЕЦЕПТ ОД ЧИТАТЕЛКА ЗА СИРУП ОД МАГДОНОС

Потребни состојки за обичен сируп на растворање:

5-6 лимони со средна величина
1 китка магдонос
5 литри ладна вода
3 кг шеќер (јас го правам со мед, подолу објаснувам)
50 мл сок од цитрон
2 литри вода

Постапка:

Лимоните ги сечам на ситни коцки, ги кинам ливчињата магдонос од китката, па ги преливам со пет литри ладна вода. Се остава 24 часа.

Во лонец ставам 3 кг шеќер (а може до 5 кг), 50 мл сок од цитрон, па го процедувам лимонот и магдоносот. Додавам уште два литри вода. Кога шеќерот ќе се растопи, складирам во шишиња и ги чувам во фрижидер.

Додека мојот магдонос се раствора во водата со лимон (поминати се само 24 часа) – еве како се прави сокот: најздравата варијанта без готвење:

Содржината се процедува низ газа, па се додава најмалку 500 г мед. Се промешува и кога состојките ќе се соединат се складира во шишиња. Се чува во фрижидер и треба брзо да се потроши. Кој сака послатко, може да додаде повеќе мед.

Втор рецепт е сируп од магдонос. Се процедува и се додава 1 кг шеќер, па се вари околу 1 час или подолго. Ако се консумира веднаш, тогаш се чува во фрижидер, а ако не, се додава лимонтус.