Одличен колач од само 3 состојки – фантастично, мека, превкусна, а лесна торта

Звучи неверојатно, но со малку труд и сами ќе се уверите дека од само 3 состојки може да се направи оваа фантастична, мека, превкусна, а лесна торта. Количините се за мал колач кој се пече во калап од 15 см, а доколку сакате поголем колач, сразмерно зголемете ги состојките.

Потребни состојки:

3 јајца
120 г бело чоколадо
120 г свежо крем (несолено) сирење на собна температура
за украсување: шеќер во прав, бобинки, џем

Постапка:

Одвојте ги жолчките од белките. Неизматените белки оставете ги во фрижидер, а рерната вклучете ја на 170 степени за да се загрева додека вие ја приготвувате смесата.

Искршете го белото чоколадо на коцки и растопете го на водена пареа. Оставете малку да излади, а потоа измешајте го со крем сирењето кое било на собна температура за да не се стегне чоколадото.

Додадете ги жолчките и сè измешајте додека да се соедини. Сега посебно изматете ги белките додека да добиете цврст снег. Измешајте го снегот и смесата од жолчки, чоколадо и сирење, но внимателно, со превртување на лажицата, за да остане смесата воздушеста.

Кога ќе ја соединете смесата, излејте ва во калап 15 см кој претходно сте го намастиле со путер или кокосово масло. Неколку пати растесете го калапот и потчукнете го за да излезе целиот воздух, за да не испука колачот при печењето.

Калапот положете го во поголема тепсија која е полна со вода. Испарувањето на водата околу колачот во текот на печењето, исто така влијае врз неговата мекост. Печете го колачот точно 15 минути на 170 степени, а потоа 15 минути на 160 степени, а потоа исклучете ја рерната и оставете го колачот во рерна уште 15 минути.

Кога тортата е готова и целосно ќе излади, украсете ја со шеќер во прав, ванила, џем или со свежи бобинки.

Овој едноставен колач е здрав со оглед на тоа дека нема воопшто брашно, ниту премногу шеќер и масти. Во едно парче има само 230 калории, а со свежото овошје ќе ја направите уште посочна и освежителна.

Претходна статијаПчелите се прогласени за најважни живи суштества на планетата Земја, а еве и зошто…
Следна статијаУкрасни цветови од пуфкасто тесто – одличен прилог со секое јадење (сликовит опис за постапката)