Орхидеите се познати по тоа што ги задржуваат цветовите на своите гранчиња навистина долго време, подолго од сите други познати цвеќиња. Со добра нега, орхидеите можат да цветаат постојано, непрекинато.
Нивните цветови се прекрасни и затоа толку многу луѓе ги одгледуваат. Но само малкумина знаат како да го натераат ова „цвеќе“ повторно да процвета и не само тоа, туку да произведе и што е можно повеќе цветови.
Како прво, многу е важна местоположбата на орхидејата. Оставете ја покрај некој прозор каде ќе добива доволно светлина, но нема да биде изложена на директни сончеви зраци.
РЕЦЕПТ: Земете 3 супени лажици ориз и сомелете ги. Сипете го мелениот ориз во некој сад со капак (најдобро стаклена тегла). Потоа скинете еден лист алое вера и ситно исечкјате го, па додајте го во теглата со мелениот ориз.
Сипете 500 мл топла вода, промешајте и затворете со капак. Оставете вака да отстои 3 часа завиткано во ќебе. По изминатото време промешајте и процедете ја содржината од теглата.
Додајте 2.5 литри вода или колку што е потребно за да добиете 3 литри вкупна течност. Со оваа течност испрскајте ги листовите и Пребришете ги со памукче. Ова ќе спречи појава на болести на листовите. Ова повторувајте го еднаш на секое две недели.
Со оваа течност натопете ги корењата. Алоето и оризот содржат корисни протеини, фосфор и калиум, како и железо, манган, купер и др. кои имаат одлично дејство врз орхидеите, а затоа што доаѓаат од природни извори, нивните корења многу лесно ги апсорбираат.
Само после еден месец по ваквата апликација вашите орхидеи ќе започнат да продуцираат многу цветови. целата постапка со видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.